Спорт
МЗТ ја освои рекордната титула во Купот на Македонија
Кошаркарите на МЗТ го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во финалето МЗТ го победи Феникс со 89:73 (28:14, 20:23, 23:24, 18:12). Тимот од „Јане Сандански“ го освои 11. трофеј во Купот, во клупската историја, со што стана најтрофеен во оваа натпреварување.
Избраниците на тренерот Драган Николиќ победата ја најавија во првата четвртина во која стекнаа предност од 14 поени.
Во остантите три четвртини МЗТ искусно ја одржуваше разликата. Кошаркарите на Феникс успеаја во 27.минута да ја намалат разликата на четири поени, но МЗТ тој налет на противникот го одби со серијата 7:1.
Мицовиќ со 20 и Војдан Стојановски со 16 поени го предводеа МЗТ. Кај Феникс Трајковски имаше 22 поени, а Димчевски 21.
Фото: Игор Паневски
Фото насловна/ kfsm.mk Фото галерија/Игор Паневски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ноември во Евролигата го обележа Ти Џеј Шортс
Лидерот и најдобриот играч на Париз, Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч за ноември во Евролигата.
Кошаркарите на Париз блескаат во дебитантската сезона во елитното натпреварување, по 12 кола се први на табелата со девет победи.
Секако, најмногу придонесе Ти Џеј Шортс за ваквиот подем на шампионот во Еврокупот, кој во ноември на пет натпревари постигнуваше во просек по 19,6 поени и забележа 8,4 асистенции.
Импресивен е неговиот индекс на корисност во споменатите пет натпревари, на кои Париз ги оствари сите пет победи – 25,2.
Да потсетиме, Ти Џеј Шортс е најнискиот играч во лигата заедно со Бразилецот Јаго дос Сантос од Црвена звезда, двајцата се високи 175 см.
Париз во ноември ги победи Партизан и Жалгрис на домашен терен, потоа Барселона и Анадолу Ефес на гости, а на крајот од најуспешниот месец во клупската историја имаше и победа против Виртус на домашен терен.
TJ SHORTS WITH A MASTERCLASS AGAINST BARCELONA 😤🔥
24 PTS
6/11 2FG
1/1 3FG
9 AST
3 STL
1 REB
36 PIR
25 MIN pic.twitter.com/ypEA1AC0Lk— Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 15, 2024
Спорт
(Видео) Почина легендарниот Дукадам – Во 1986 година одбрани четири пенали во финалето против Барселона
Легендарниот голман на Стеауа од Букурешт, Хелмут Дукадам почина утрово на 65-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот поранешен соиграч Марсел Пушкаш на Фејсбук, а набрзо ја потврдија и бројни избори.
Точната причина за смртта не е соопштена, но Дукадам во последно време имал различни здравствени проблеми, а пред два месеци направи операција на отворено срце.
Дукадам е познат по својот фантастичен настап во финалето во Купот на шампионите во 1986 година, односно во денешната Лига на шампиони, кога одбрани дури четири пенали по ремито 0:0 против Барселона и стана единствениот Романец во Гинисовата книга на рекорди.
Тој натпревар и денес е познат како финалето на Дакадам. Стеауа во 1986 година го освои Купот на шампионите.
„Почина еден од моите добри пријатели. Многу талентиран фудбалер и единствениот Романец во Гинисовата книга на рекорди. Хелмут Дакадам не остави на само 65 години. Хелмут, почивај во мир“, напиша Пушкаш, кој две години беше соиграч на Дукадам во Стеауа, а денес е претседател на Сеалаул.
Дукадам играше за Стеауа, со која тогаш раководеше семејството на диктаторот Чаушеску, од 1982 до 1986 година, но веднаш по освојувањето на сензационалната титула европски шампион, неговиот живот пропадна. Поради одбивањето да игра на наместена средба, тој заврши на суд, а поради откриената аневризма мораше преку ноќ да ја заврши кариерата.
Спорт
Натпреварите од 17. и 18. коло ќе се играат без присуство на публика
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија одлучи натпреварите од 17. и 18.коло во домашноот првенство да се играт без публика. Одлуката е донесена по парање на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.
Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.