Свет
(Видео) Побарала да го запознае својот херој – емотивна средба на девојче извлечено од урнатините и нејзиниот спасител

Министерството за одбрана на Турција на Твитер објави видео од средбата на девојчето Ајсма и нејзиниот спасувач кој ја извлекол од урнатините по разорните земјотреси што го погодија нејзиниот град.
Ајсма Балтачи на 12 февруари спасител ја извлекол од урнатините, а девојчето по закрепнувањето побарало да се сретне со своите херои и да им се заблагодари.
Gölcük Tersane Komutanlığı personelimiz, 12 Şubat’ta Adıyaman’da Aysima Baltacı isimli evladımızı enkazdan sağ olarak kurtarmıştı. Aysima iyileşir iyileşmez kendisini kurtaran personelimizle bir araya gelmek istedi. Ve bugün onu kurtaran kahramanlarımızla Aysima bir araya geldi. pic.twitter.com/ve88QheUj8
— T.C. Millî Savunma Bakanlığı (@tcsavunma) February 18, 2023
На видеото се гледа насмеано девојче во инвалидска количка, а среќата не ја криејат ниту припадниците на спасувачките служби кои и’ го спасиле животот.
Многумина се израдуваа на веста дека е во подобра состојба, а се очекува наскоро целосно да закрепне.
Девојчето по 160 часа бeше извлечено од урнатините во разорниот земјотрес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас.
Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.
Израелската војска (ИДФ) претходно го информираше семејството на убиениот Елијаху Маргалит дека Хамас го вратил неговото тело во Израел синоќа.
ИДФ соопшти дека, според разузнавачките информации, Елијаху (75) бил убиен на 7 октомври 2023 година, а неговото тело подоцна било однесено во Појасот Газа од кибуцот Нир Оз.
Смртта на Елијаху Маргалит беше потврдена од израелската војска во декември 2023 година.
Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.
Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.