Спорт
Кристоферсен со „луда“ втора трка до злато во слалом на СП
Хенрик Кристоферсен стана светски шампион во слалом во францускиот зимски центар Куршевел.
Норвежанецот беше само 16-ти по првата трка, но потоа скијаше спектакуларно на втората трка постигнувајќи најдобро време и со вкупен резултат од 1:39.50 стигна до највисокото место на подиумот.
Ги издржа нападите на преостанатите 15 натпреварувачи и Кристоферсен почна да слави.
Второто место му припадна на Еј Џеј Гинис од Грција. Момче од Вулијагмени го освои првиот медал во историјата на оваа земја во алпско скијање, а заостана 20 стотинки зад победникот.
Светскиот јуниорски шампион Алекс Винасер заврши со бронзен медал, откако заостана 38 стотинки.
Французинот Клемент Ноел беше четвртопласиран, додека Германецот Себастијан Холцман заврши на петтото место.
Оваа трка стави крај на планетарниот шампионат во Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Сакам кога Де Брујне не игра
Манчестер sити е во невидена криза под водство на Пеп Гвардиола. Сити е без победа на последните седум натпревари. „Граѓаните“ во оваа серија доживеаја шест порази. Вечерва во Премиер лигата Сити ќе го пречека Нотингем Форест.
Гвардиола на прес конференцијата пред дуелот со „шумарите“ одоговри на прашањето за Кевин де Брујне.
„Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Мислите дека ми се допаѓа да играм без него“, рече Гвардиола на оваа тема и иронично продолжи:
„Не, не сакам да игра. Не го сакам играчот со најголем талент во последната третина од теренот. Имам проблем со него по девет години заедно”.
Манчестер сити, кој е четирикратен последователен шампион во Премиер лигата, моментно заостанува 11 бода зад лидерот на табелата Ливерпул од кого пред три дена загуби со 2:0.
Спорт
Домашната патека на Ферстапен испадна од календарот
Една трка е исфрлена од календарот на Формула 1, станува збор за домашната трка на четирикратниот последователен шампион Макс Ферстапен.
Трката за ГН на Холандија во Зандворт ќе биде исфрлена од распоредот по 2026 година, кога таму ќе се одржува спринтот.
Одлуката на ФИА претставува големо разочрарување за Ферстапен со оглед на тоа дека е неговата домашна трка каде има најголема поддршка од трибините.
Ферстапен победи на три од последните четири настапи во Зандворт. Оваа година Големата награда на Холандија ја освои Ландо Норис од Мекларен.
Зандворт влезе во календарот на Формула 1 во 1950 година, но го загуби своето место во 1985 година. Се врати во 2021 година, но очигледно тоа враќање беше краткотрајно.
Ферстапен ќе има можност да вози пред своите фанови уште само два пати.
Спорт
Несреќа на тренингот – Евенепул удрил во поштенско возило
Двократниот олимписки шампион во велосипедизам Ремко Евенепул се здоби со фрактура на десното рамо, десната рака и реброто откако удри во автомобил на тренинг во Белгија.
По несреќата, Евенепул веднаш бил префрлен во болницата во Андерлехт, но ќе биде префрлен во друга болница во Херенталс, каде ќе бидат направени дополнителни тестови, по што ќе се процени колку долго ќе трае процесот на рехабилитација, објави неговиот тим Судал Квик-Степ.
Белгиските медиуми објавија дека Евенепул не можел да ја избегне вратата на поштенското возило кое наеднаш се отворила. Тој не ја изгубил свеста, но ударот бил доволно силен за да ја скрши рамката на велосипедот.
Евенпул стана првиот велосипедист кој на Олимписките игри победил во трката на хронометар и на друмската.
Двократниот светски шампион ја освои Вуелта во 2022 година и заврши трет на Тур д’Франс оваа година.
Noooooo 😢
Remco Evenepoel unfortunately has had an accident during his training ride, HLN reports a collision with a postal vehicle. He has been taken to hospital.
📷: Nieuwsblad pic.twitter.com/KaE95UsmlC
— Lukáš Ronald Lukács (@lucasaganronald) December 3, 2024