Спорт
Трио на врвот во Бундеслигата: Борусија Дортмунд се израмни со Баерн и со Унион Берлин
Борусија Дортмунд ја продолжи победничката низа во Бундеслигата откако ја совлада Херта на домашен терен со 4:1 и сега е дел од водечкото трио на табелата, заедно со Баерн Минхен и со Унион Берлин. Сите три екипи имаат по 43 бода.
„Милионерите“ поведоа со голот на Карим Адејеми, а пет минути подоцна Дониел Мален зголеми на 2:0.
На почетокот на второто полувреме Херта постигна гол за надеж преку Лукас Тросар, но Марко Ројс во 76.минута на фанастичен начин изведе слободен удар за 3:1. Во завршницата, Џулијан Брант го постави конечниот епилог на овој дуел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ал Келаифи: ПСЖ не е заинтересиран за Салах
Насер Ал Калифи, претседателот на Пари Сен Жермен, ги демантираше насловите на медиумите кои го поврзуваат Мохамед Салах со преселба на „Паркот на принцовите“.
Главниот француски спортски весник „Лекип“ објави дека парижаните би можеле да ги искористат проблемите во преговорите околу новиот договор меѓу Египќанецот и Ливерпул, но тоа нема да се случи.
„Тоа не е вистина. Тој е фантастичен играч, но никогаш не размислувавме да го ангажираме, да бидам искрен. Знаеме дека секој клуб би сакал да го има, но последните шпекулации не се точни“, изјави Ал Калаифи.
Тоа не значи дека засилувања во зимскиот преоден рок нема да има во „Паркот на принцовите“.
„Ако добиеме шанса, секако дека ќе ја разгледаме“, додаде Ал Калаифи.
Легендарниот египетски крилен напаѓач игра во англиската Премиер лига во последните седум години, досега постигна 224 голови и запиша 100 асистенција на 369 натпревари.
Во тековната сезона се уште е во одлична форма со 13 гола и 11 асистенции на 20 настапи.
Салах три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, а два пати е добитник на наградата за најдобар африкански фудбалер.
Тој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2019 година, Премиер лигата во 2020 година и уште десет клупски трофеи.
На 101 настап за Египет постигна 58 гола, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 55 милиони евра.
Спорт
Навивачите на Рома со порака за Заниоло: Предавник, го.но без чест
Николо Заниоло не беше омилен меѓу навивачите на Рома, од синоќа тој стана омразен лик. Рома загуби од Аталанта со 0:2, вториот гол го постигна Заниоло и бурно го прослави под трибината каде што беа сместени фановите на Аталанта.
Заниоло, како голем талент пристигна од Интер во Рома. Тој беше дел од трансферот кога Раџа Наинголан се пресели во Интер.
Во клубот се надеваа дека тој ќе биде новиот предводник на Рома, дури и дека барам малку ќе може да се доближи до краиерата на Франческо Тоти. Ништо од ова не се случи. Минатото лето одби да го продолжи договорот, сагата траеше во текот на преодниот рок, поради што Рома реши да го пушти.
Заниоло се пресели во Галатасарај, таму не блескаше па замина во зимскиот преоден рок во Астно Вила. И во Премиер лигата не блескаше, па Астон Вила реши да го позајми во Аталанта.
Аталанта реши да ризикува со него, но Заниоло сепак не пружа блескави игри и покрај одличната форма на тимот на Џан Пјеро Гасперини.
Во последното коло успеаја да ја забележат 11-та победа во последните 12 натпревари против Рома (2:0), а вториот гол против поранешниот клуб го постигна Заниоло.
Италијанецот влезе како резерва, беше пречекан со свирежи, а во 80.минута го постигна вториот гол со кој ја запечати победата на Аталанта. Кога го постигна голот, го соблече дресот и застана под трибината каде се наоѓаа навивачите на неговиот тим.
Zaniolo with the respectful celebration after scoring against his former club Roma pic.twitter.com/V7bFWYp6lm
— Siavoush Fallahi (@SiavoushF) December 2, 2024
По натпреварот навивачите на Рома закачија голем транспарент кој висеше над улицата пред Колосеумот.
„Заниоло предавник, го.но без чест“, пишуваше на транспарентот.
😭😭😭😭😭 Zaniolo traditore merda senza onore!🔥 pic.twitter.com/6sIp8qfFdK
— Stronzetti (@Stronzetti) January 29, 2023
Спорт
Слот: Салах се шегуваше, повторувам – се шегуваше
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментираше изјавата на Мохамед Салах која ги загрижи сите навивачи на „црвените“.
Египќанецот, очигледно разочаран што клубот се уште не му понудил нов договор, најави заминување од „Енфил“.
Во неделата по дербито со Манчестер сити, кое Ливерпул го доби со 2:0, а Салах постигна гол и забележа асистенција, изјави дека „ова е мојот последен дуел со „Граѓаните“.
„Можеби Мо знае повеќе за тие 115 обвиненија (случајот за финансиски фер-плеј што се води против), па очекува тие да ги нема следната сезона. Тоа беше шега. Повторувам, шега“, рече Слот.
Салах е најдобриот играч на Ливерпул, сезонава постигна 13 гола и забележа 11 асистенции на 20 натпревари.
Најмногу благодарение на него, „црвените“ се лидери во Премиер лигата со 34 бода, девет повеќе од Арсенал и Челзи, додека во Лигата на шампионите се единствениот тим со максимален учинок по пет одиграни натпревари.
Сепак, веќе се шпекулира дека тој започнал преговори со Пари Сен Жермен, каде би заминал без обештетување, бидејќи договорот му истекува на лето, а Ливерпул се уште не му понудил нов.