Црна хроника
Приведени две лица за напад на девојка во угостителски објект во Гостивар

Две лица се приведени за физички напад врз 27-годишна девојка во Гостивар.
Според информациите, Д. И. (27) и Ф. И. (22) од Гостивар биле пријавени од К. Ѓ. од гостиварско село дека во угостителски објект на улицата Илинденска во Гостивар физички ја нападнале.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Момче две години ја демнело својата сосетка во Крива Паланка – ја следело, па и’ се заканувало

Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишно момче од Крива Паланка за демнење.
Од МВР информираат дека во периодот од март 2023 до април 2025 година, пријавениот ја следел неговата сосетка, ја вознемирувал и ѝ праќал пораки на социјални мрежи со закани дека ќе објави нејзини фотографии и видеа доколку не му даде пари.
Црна хроника
Уапсен кумановец: возел со 2,05 промила алкохол во крвта

Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода 51-годишниот В.К. од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Вработените користеле неисправни и нерегистрирани возила: кривична против директор на јавно претпријатие во Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од 31.07.2024 до 24.03.2025, иако знаел и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани.
При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот.
На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.