Македонија
Пендаровски до војниците што се вратија од Турција: Нѐ направивте горди, бевте во првите пет армии што стигнаа на самото место

„Нè направивте горди со помошта што ја дадовте“. Со овие зборови претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на припадниците на македонската армија, која помагаше во Турција по разорните земјотреси. Пендаровски посочи дека турскиот народ е благодарен за помошта, а за припадниците на АРМ немало никаква забелешка.
„Нашата Армија беше во првите пет што стигнаа на самото место, 24 часа по земјотресот. Вашето пристигнувања на самото место, залагањето 24/7, сите вие, сосе службените кучиња, беше нешто што само може да се посака секогаш кога вежбате, тренирате за лошо и арно. Не постои никаква забелешка ниту од локалното население ниту од другите. Како членка на НАТО мора да се фокусираме на следната фаза, а тоа е помош на оние што преживеаја“, изјави Пендаровски.
Претседателот додаде: „Тука не само Армијата туку и Владата, претседателот, ќе мора да помагаме за сите луѓе да имаат покрив над главата, јадење, сместување. Станува збор за трагедија со пропорции што надминува сè. Македонскиот народ ѝ помогна на Турција не бидејќи сме членки на НАТО туку затоа што пријателството трае со векови и ќе трае со векови. Сакам да убедам дека сме помагале и ќе помагаме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.