Македонија
„Скопје сити мол“ приходот од „Сити театарот“ му го донира на дневниот центар „Доза среќа”

Скопје Сити мол го докажува својот статус на општествено одговорна компанија, која преку продадените билети од 3-те минатогодишни циклуси на театарски претстави во Сити театар донираше 250,000 ден. за Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром “Дневен центар – Доза среќа”од Скопје.
Взаемно со нашите посетители придонесуваме за повеќе детски насмевки, за среќа во сите детски очи. Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во нашиот и пред се Ваш Сити театар, кој го започнува четвртиот циклус на хуманитарни претстави започнувајќи од 26.02.2023 година.
Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко – драмски претстави, наменети за деца од 3 до 10 годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички ефекти, исполнети со ласерски анимации, проекции и друго, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде составен дел од претставите. Ви ветуваме прекрасни моменти, доживувања и уживање во најголемата Синеплекс сала на Скопје Сити Мол.
“Го создадовме Сити театар бидејќи од самото наше постоење како мол имавме имплементирано голем број на театарски изведби. Воведената традицијата на негување на театарот во рамките на нашата институција прерасна во создавање на редовен театар – Сити театар, кој меѓу другото има и хуманитарен карактер.
Сите досегашни циклуси на претстави беа во целост распродадени, што е доволен показател за хуманата заложба на нашите посетители. Затоа ние и понатаму ќе се стремиме кон целосно задоволување на сите потреби на нашите посетители и тоа на највисоко можно ниво. Се обврзуваме секојдневно да се надградуваме и да бидеме во чекор со времето и реномето на нашиот мол, кој секогаш се труди да обезбеди максимални услови, добра организација и пред се добра културна програма со посебен акцент кон најмладите.
Нашата интенција е и оваа година да овозможиме редовни културни манифестации преку Сити тетарот со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме исклучивно наменски средства кои ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели.
Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде “Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме” – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)