Свет
Листа на 85 најпреценети градови во светот

На веб-страницата kingcasinobonus.uk објавена е листа на најпреценети градови во светот, составена од експерти врз основа на популарни страници за прегледи како што е TripAdvisor.
Тие прегледаа десетици илјади оценки за 85 од најпопуларните градови во светот.
На листата Загреб е на високото 25. место, ама Љубљана е на 17. место и Белград на 32. место.
Тие наведуваат дека најразочарувачката загрепска атракција за туристите е жичницата што ги поврзува загрепските Горни и Долни Град. Во Љубљана тоа е тврдината Стари Град, а во Белград, велат, најразочарувачка атракција за туристите е музејот „Никола Тесла“.
Покрај цените, експертите анализираа и колку често во прегледите се користат клучни зборови и фрази како „многу разочарувачки“ или „не толку убаво како што се очекуваше“.
Тие тврдат дека сите овие информации доведоа до претпоставка дека туристите ќе бидат разочарани од дестинациите.
Бангкок е прв на листата.
„Истражувањето на аналитичарите открива дека речиси 17 отсто од посетителите на Бангкок го напуштаат градот разочарани и со впечаток дека главниот град на Тајланд е прескап“, се вели на страницата.
Второто место на оваа листа го зазеде градот Анталија во Турција.
На третото место е Сингапур, а потоа следуваат Минхен, Римини, Мајами, Мумбај, Лондон, Париз и Токио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден