Европа
Путин ја тестира најмоќната руска ракета додека Бајден беше во Киев
Русија изврши тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“, која наводно не успеала во времето кога американскиот претседател Џо Бајден бил во Украина во понеделникот, според двајца американски официјални лица, напиша Си-ен-ен.
Русија ги известила САД однапред за лансирањето, рече официјален претставник. Друг, пак, рече дека тестот не претставува ризик за Соединетите држави и дека САД не го гледаат тестот како аномалија или ескалација.
Тестот на тешката ракета „Сармат“, со прекар „Сатана II“ на Запад, и способна да испорача повеќе нуклеарни бојни глави- се чини дека не успеа. Одредени тестови претходно беа успешни.
Путин вчера во говорот не го спомена лансирањето. Тој, сепак, формално рече дека Русија ќе го суспендира учеството на неговата земја во договорот за намалување на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Соединетите Американски Држави загрозувајќи го последниот преостанат пакт со кој се уредуваат двата најголеми нуклеарни арсенала во светот.
Времето на тестот сугерира дека САД и Русија комуницирале преку неколку канали претходно оваа недела. Американските власти исто така ги информирале Русите во неделата вечерта, неколку часа пред посетата на Бајден на Киев, дека претседателот ќе отпатува во главниот град на Украина, изјави во понеделникот советникот за национална безбедност, Џејк Саливан.
Путин најави успешни тестови на „Сармат“ во минатото, вклучително и минатиот април, само неколку месеци откако Русија ја нападна Украина.
Ракетата „Сармат“ првпат беше претставена во 2016 година, а руските државни медиуми наведуваат дека има дострел повеќе од 11.000 километри. Ракетата може да носи бојна глава од 100 тони и е дизајнирана како наследник на R-36M ICBM.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

