Македонија
Ученици со плачење излегуваат од училиштата, на игралиштата ги чекаат родителите да си ги земат
Учениците од пониските класови во основните училишта во Скопје се евакуираат на игралишта по денешните дојави за бомби.
Меѓу нив има ученици што со плачење излегуваат, а вознемирени деца има и меѓу поголемите.
Родителите што и утрово добија пораки и повици да си ги земат децата се нервозни, многумина излегуваат од работа бидејќи наставниците им кажуваат дека настава нема да има, а на игралиштата не може да останат цел ден.
Средните училишта што работат во две смени на учениците од втора смена им е посочиле дека до 12 часот ќе им кажат дали треба да тргнат кон училиште или ќе нема настава.
Кога ќе почне втората смена, зависи од тоа кога ќе завршат антитерористичките проверки.
Наставниците коментираат дека ваквите евакуации предизвикуваат трауми на децата, особено поради тоа што често се повторуваат.
Дојави за бомби утрово до 9.30 часот стигнаа во 12 скопски и едно прилепско училиште, а МВР веднаш ги почна проверките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

