Македонија
(Видео) Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекарите протестираат
„Последен случај од здравството, кој ја потресе јавноста, е смртта на 52-годишна пациентка од Прилеп. Случајот, според информациите, е последица на инфекција во болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциони сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво! Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали“, рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
Тој вели дека „вести што ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и, секако, колабирањето на здравствениот систем. Нешто што не се случува првпат во независна Македонија“.
„Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми, кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото, не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал, кој недостига во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјата. Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања, денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковачевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа, која се грижи само за лични и партиски интереси, не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реализира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот“, порача Ристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

