Македонија
Љубе Бошкоски: По 11 години во затвори, од секаде излегов како победник
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, по ослободителната пресуда за случајот „Кампања“, порача дека е единствениот на балканските простори што поминал 11 години во повеќе затвори, а излегол како победник. Прашан дали ќе побара отштета од државата бидејќи сега е ослободен, тој рече: „Тоа сега е непримерно“.
„Сведоци бевте за уште една во низата ослободителни пресуди што се донесоа. Ова ми е седма ослободителна пресуда, од двете хашки до денес. Имав неколку осудителни пресуди, кои завршија како ослободителни пресуди. Од денес па натаму во мојот живот сум можеби единствениот човек на балканските простори што помина 11 години во домашните и меѓународните затвори и од секаде излегов како победник“, изјави Бошкоски.
Прашан дали ќе бара парична отштета од државата, Бошкоски рече: „Времето не може никој да го врати, тоа е минато време. Ги охрабрувам македонските судови и судии при одлучувањето да ги земаат предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците. Денеска бевме сведоци дека во целиот овој период бев изложен на полициско-политичко монтирани процеси, кои завршија со победа на правдата“.
Тој останува во политиката.
„Се надевам дека уште можам да придонесам за Македонија, особено кога знам дека зад мене немам товар што може да ме оптоварува мене и мојата партија“, додаде Бошкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.