Македонија
Беџети: Сè што прави Артан Груби е личен протагонизам, барам да си поднесе оставка
Граѓанинот на Сарај не е застапен на ниту едно ниво, структурата на Сарај не е застапена ниту во министерствата ниту во Владата. Сè што прави Артан Груби е личен протагонизам и барам од него да си поднесе оставка пред граѓаните и пред раководството на ДУИ, порача организациониот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, и додаде дека ќе ја продолжат битката додека не ја обединат ДУИ.
Изјавата Беџети ја даде на синоќешната средба на жителите на Сарај со високи партиски функционери на ДУИ.
Беџети потсети и дека извршната власт воопшто не мрднала со процесот на децентрализација, што го отежнува развојот на албанските општини, а проектите ги реализира заедно со многу бизнисмени од општината.
На синоќешната средба се обрати и првиот човек на разгранокот на ДУИ Сарај, Исни Јакупи, кој рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт.
Потпретседателот на ДУИ и пратеник во републичкото Собрание, Изет Меџити, им порача на жителите на Сарај дека овој собир е гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ. Меџити со апел до Артан Груби да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослаби дарувајќи ги нивните позиции на Алијансата бидејќи тие се моќни и без функции веќе 20 години колку што придонесуваат во ДУИ.
„Артан Груби и другите т.н. Артанци да си поднесат оставки пред народот, кој никогаш не ги гласал. Со измама стана пратеник во 2016 година кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во владата во 2020 година, без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството“. Меџити рече дека Артан Груби, освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмети опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други. На ДУИ, рече Меџити, ѝ требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Артан Груби и неспособните министри.
Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ, зошто има паралелни собири? И оваа иницијатива има своја генеза, која почнува пред 3 години кога оваа извршна власт почна да ја турка ДУИ во погрешен правец. „Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ – силна и обединета по штетите што ѝ ги направи Артан Груби“, рече Џафери. Тој му најави на Груби да се откаже бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ.
Членот на претседателството, Невзат Бејта, рече дека не ја делат ДУИ, туку, напротив, ја обединуваат затоа што таа е на секој гласач и на секој граѓанин, рече Бејта, додавајќи дека ДУИ била обединета пред 3 години, кога дојде Груби и почна поделбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

