Македонија
(Видео) Ковачевски: Сите основачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ и сестринската ВМРО БНД
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа, во собраниската расправа, порача дека Владата, државата, се грижи за секој припадник на дијаспората, за Македонците, без разлика на тоа каде живеат додавајќи дека единствено ВМРО-ДПМНЕ е таа што се обидува да ги наруши добрососедските односи.
„Во однос на прашањата со дијаспората, сакам овде многу јасно да кажам, Македонци има и во Америка, Канада, Германија и во Швајцарија, Австралија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и во Косово и секаде се тоа Македонци што зборуваат македонски јазик, со кој ние исклучително се гордееме. Земете ги само пред две недели снимките од МНР, каква сè помош беше однесена во Албанија за нашите Македонци што живеат таму“, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ потенцира дека добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ.
„Добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ. Сите оние основачи и растурачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ, на вашата сестринска партија ВМРО БНД, на кои заеднички именител ви е заедничкиот претседател Ванчо Михајлов“, порача Ковачевски обраќајќи се кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Три нови битолски училишта ќе добијат фотоволтаици до крајот на учебната година
Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.
Во текот на овие денови се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.
По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.
Со воведувањето на фотоволтаиците се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.
Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во Општина Битола се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 година беа поставени уште девет — три на средни и шест на основни училишта.
Македонија
Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата
В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.
Адвокатот изјави дека оставката не е поврзана со признание на вина, туку со желба да не влијае на истрагата.
„Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на постапката. Ќе докажеме дека Рустеми нема никаква поврзаност со делото“, рече адвокатот.
Според него, постојат докази дека Рустеми презел активности за обезбедување механизација и ресурси, но дека неговите барања не биле одобрени од управниот одбор на претпријатието.
Рустеми и Аки Саити, управител за отпад во претпријатието, добија мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, како и опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.
Македонија
Државната лотарија предупредува: нелегални платформи ги злоупотребуваат името и логото
Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија
Државна лотарија ги повикува сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби, односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени.
Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.
Секоја појава на трета страна, како што се додава, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа.

