Македонија
(Видео) Митева: Наместо да дава награди, Ковачевски да побара оставка од директорот на ФЗОМ
„Ковачевски, наместо да дели награди, да побара оставка од директорот на ФЗОМ, Фатон Ахмети, кој користеше одмор и беше во партиска посета во САД додека институцијата со која раководи имаше крахиран систем и владееше неизвесност дали податоците на осигурениците воопшто ќе можат да бидат вратени. Скандалозно е што државна институција, како ФЗОМ, која ги има здравствените податоци за сите граѓани на државата нема бекап меморија, и се е ставено на еден систем, иако државата има ИКТ центар во Прилеп, каде фондот можел да ги зачува своите податоци“ рече денеска на прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа напомена дека „немањето бекап на податоците на ФЗОМ е неверојатно коцкање со животите на граѓаните, кое може да го прави само СДС и ДУИ. Со немање бекап се става на ризик цел систем, кој може наеднаш да крахира целосно и да предизвика долгорочен застој“.
„Доколку односот со податоците на осигурениците беше за степен попрофесионален, воопшто немаше да има паника изминативе денови, осигурениците ќе можеа редовно да пристапат кон податоците и информациите кои им се потребни, а лекарите ќе можеа навреме да земат плата. Тоа што системот нема бекап е вина пред се на директорот на ФЗОМ, кој е платен со народни пари за да менаџира со институцијата. Директорот Фатом Ахмети покажа дека воопшто не му е грижа за ФЗОМ и затоа наместо веднаш да се врати во Македонија и да работи на санирање на штетата која е настаната и поради неговата неспособност, тој кусо ја информираше јавноста дека како кадар на ДУИ е во партиска посета на школа за лична надградба. Што значи не го пратила државата, ниту институцијата, таму е по сопствен избор, и за тоа користи годишен одмор“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

