Црна хроника
Кривични пријави против осум лица за перење пари, бесправно градење и злоупотреба на службената должност
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.И.(60) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „перење пари и други приноси“, Ѓ.В.(42) од Скопје, М.М.(42) и В.Р.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“, против две правни лица Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „услови за кривична одговорност на правно лице“ во врска со „фалсификување исправа“, Е.Б.(44) од село Беловиште, гостиварско, за сторено кривично „фалсификување исправа“, М.С.(51) и Д.Г.(41), двете од Гостивар за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и С.Е.(45) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „непријавување кривично дело“.
Р.И., во периодот од октомври 2015 до април 2022 година, изградил комерцијално-станбен објект на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, при што отстапил од фактичката состојба издадена согласно маркичката за градење. Но, и покрај направените отстапки, Р.И. до Општинскиот катастар за недвижности Гостивар поднел барање за запишување на недвижноста, иако претходно во два наврата бил одбиен од Катастарот во Гостивар. Во прилог на барањето ја доставил истата техничка документација и геодетски елаборат изработен од геодетската фирма, сопственост на пријавените Ѓ.В. и М.М, кој не бил валиден, бидејќи на геодетската фирма два пати ѝ била одземена лиценцата, како и дека во елаборатот, пријавените Ѓ.В. и М.М., внеле дека е извршен премер на недвижноста со координати кои не се совпаѓаат согласно извршениот премер од Катастарот Гостивар.
Е.Б., во февруари 2017 година, како овластен надзорен инженер изготвил и пуштил во употреба Извештај за извршен технички преглед за градба во кој лажно навел дека градбата нема недостатоци, може да се употреби и стави во функција. Пријавениот В.Р., како овластен градежен инспектор при општина Гостивар, пропуштил да изврши должен надзор и контрола над работата при изградба на комерцијално – станбениот објект, додека пријавениот С.Е. пропуштил да изврши должен надзор и несовесно постапил при вршење на своите овластувања. Тој, иако знаел дека објектот не е изграден согласно техничката документација и дека во два наврата бил известен за одбивање на барањето, по трет пат ја примил истата документација и ја поднел во Општинскиот катастар за недвижности Гостивар, а во прилог доставил и невистинит Записник за констатација, во кој навел дека увидел дека инвеститорот ги отстранил претходно констатираните недостатоци и отстапки на станбениот објект.
Пријавените Д.Г. и М.С., вработени во Општински катастар за недвижности Гостивар, без да извршат надзор и контрола на доставената службена документација, извршиле запишување на недвижноста на име на Р.И. и му издале Потврда за запишување на недвижноста. По ова, пријавениот Р.И. извршил продажба на становите од станбениот објект, склучувајќи преддоговори за купопродажба на недвижен имот и договори за закуп на станбен објект и на тој начин се стекнал со имотна корист на штета на општина Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

