Македонија
(Видео) Шкријељ: Срамно, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ се обиде физички да нападне пратеничка
Говорот на омраза и насилството врз жените во политиката во Собранието како храм на демократијата никако да престане, никако да се одлепиме од дното. Вчера се случи, не беше тоа говор на омраза туку беше обид за физичка пресметка со колешката Жалкина Лазаревска, рече пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ во реплика од собраниската говрница говорејќи за вербалниот и обид за физички напад на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„За жал овие сали се изнаслушале и слушаат најодвратни коментари полни со сексизам и шовинизам. Вчера се случи еден таков испад, кој сакам да остане запишан во стенограмите на собранието затоа што не беше говор на омраза туку беше обид за физичка пресметка со колешката Жалкина Лазаревска, не само вербален атак, туку обид за физичка пресметка со жена пратеничка се случи вчера во ова Собрание“, нагласи Шкријељ.
Пратеничката Санела Шкријељ истакна и дека колегата што го направил тоа не нашол доблест и храброст јавно да се извини од говорницата, не за лична сатисфакција, туку, како што рече, да ја испрати пораката дека насилството врз жените е неприфатливо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

