Македонија
(Видео) Левица: За СДСМ се трошките додека ДУИ владее – Владата создава државна криза

Очигледно е заложништвото на СДСМ од страна на ДУИ, и т.н „европска коалиција“ брои смешна бројка од 65 пратеници откако неколку пати се делигитимираше претставничкиот мандат преку разни прекројувања, реагираат од Левица.
Сите овие нелегитимни пируети, како што истакна на собраниска говорница пратеникот од оваа партија, Борислав Крмов, се со цел да се купи ограничено време за владеење и удоволување на ненаситните апетити на ДУИ, СДСМ и нивните коалициони партнери.
„Република Македонија никогаш не била подалеку од ЕУ и тоа го забележуваат бројни експерти. Директорката на Институтот за европска политика предупреди за опасностите од влегувањето на Бугарите во Уставот на РМ, и дека преку конвенции за правата на конститутивни народи ќе се отворат дополнителни можности за Софија да вложува вето на нашата интеграција“, вели тој.
Според него, сите негативни квалификации кон Левица кои доаѓаат од СДСМ се класична проекција на маните и грешките кои оваа Влада ги прави, „затоа за СДСМ која е во заложништво на ДУИ и мора да им ги извршува валканите работи бројот на пратеници е ирелевантен – СДСМ, партијата во изумирање, во секој поглед ќе не доведе во државна криза за да опстојат бизнис и криминалните интереси на раководството“, истакнува пратеникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица.