Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај селото Кукуречани, има повредени

Сообраќајна несреќа се случила вчера на патниот правец Битола-Кичево кај с.Кукуречани.
Според информациите од МВР, вчера во 21.20 часот било пријавено дека на патниот правец Битола-Кичево кај с.Кукуречани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од с.Обедник-демирхисарско, и патничко моторно возило “голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(39) од с.Света-демирхисарско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.П., а со телесни повреди се здобил С.А. констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Црна хроника
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје кои извршувале службени работи по дојава дека има вооружени лица со автоматски пушки.
Според информациите од Обвинителството, тројцата напаѓачи, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.
Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.