Европа
Селин и Серин, родени во ист ден во иста болница, заедно починале под урнатините

Селин и Серин, кои се родени во ист ден во иста болница во турскиот дел на Кипар пред 14 години и станаа многу добри пријателки со текот на годините, ги загубија животите заедно во земјотресот на 6 февруари во Адијаман, Турција, каде што биле со одбојкарскиот тим на училиштето.
Имено, во хотелот Адијаман Исиас, кој беше уништен во разорниот земјотрес, животот го загубија 35 лица од група од 39 лица, меѓу кои имаше студенти, тренери на одбојкарскиот тим ТРСК Фамагуста на турскиот колеџ Мариф, како и некои родители, пишува Милиет.
Речиси 50.000 луѓе ги загубија животите во земјотресите во Турција.
Две од нив беа и 14-годишните Селин и Серин.
Селин починала во иста соба, во истиот ден, во истата болница како и нејзината пријателка Серин Ипекчиоглу, која ја нарекувала „сестра близначка“ бидејќи истовремено ги отвориле очите.
Умреле во истиот кревет во кој спиеле.
Selin ve Serin. 29 Ocak 2009'da ayni hastanede yan odalarda doğdular. 6 Şubat 2023 sabahı, ayni odada, birleştirerek yattıkları yatakta yan yana cinayete kurban gittiler. #isiaskaderdeğilcinayet pic.twitter.com/ybkgxQ22W0
— Enver Karakaya (@enverkarakaya) February 21, 2023
Таткото на Селин, Енвер, вели дека таа била прекрасно дете, добар ученик.
Штом слушнал за земјотресот, веднаш почнал да врти кај ќерката и наставниците од групата, но никој не му се јавувал на телефон.
Еден час подоцна го добил Мурат Актуграх кој го преживеал земјотресот но го загубил синот.
,,Овде сме тројца, нема хотел, нема деца, сè е уништено“, рече Актуграх.
Семејствата на повредените деца веднаш заминале за Турција,пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Европа
Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид.
Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа.
„Посветувањето на целта од 5 проценти не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на нејзината безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.
Тој додаде дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со шпанската држава на благосостојба и шпанскиот поглед на светот“. „Мадрид проценува дека ќе треба да потроши 2,1 процент од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија“, рече Санчез.