Спорт
Ањели: Сегашниот систем на УЕФА не нуди иднина за Ајакс, Андерлехт, Црвена звезда…
Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели нема намера да се откаже од фудбалот, ниту од проектот наречен европска Суперлига, кој неодамна беше обновен со одлуката на Високиот суд во Мадрид. Одлуката на Судот им ги врза рацета на УЕФА и ФИФА. кои ќе сторат се за да го блокираат ова натпреварување. Судбината на европската Суперлига ќе биде решена кога конечна пресуда ќе донесе Европскиот суд на правдата.
Во интервју за холандски „Телеграф“, Ањели вели дека Суперлигата е од витално значење за бројни европски клубови, како и дека сегашниот монопол на УЕФА придонесува само за европската куќа на фудбалот.
Според него, неопходно е клубовите да имаат стабилни финансии и да имаат гаранции дека нема да доживеат колапс доколку не се пласираат во европските натпреварувања.
„Тоа е проблем за секој клуб. Со таква неизвесност не е можно да се носат одржливи, здрави и долгорочни одлуки. Затоа сум за лигашки систем во врвниот европски фудбал, со поголеми финансиски и спортски можности. за секој клуб“, изјави Ањели за „Телеграф“.
Поранешниот први човек на „Старата дама“ од Торино вели дека во 2019 година имал договор со Александар Чеферин и членовите на Асоцијацијата на европски професионални клубови (ЕЦА) за нов формат, но дека првиот човек на УЕФА потоа се откажал.
„Помалите клубови, челнициците на големите лиги и некои национални асоцијации го гледаа новиот формат како закана и затоа Чеферин се повлече. Кога УЕФА одлучи да го блокира проектот, беа направени проекти надвор од УЕФА за организирање на ново натпреварување со сите клубови на ЕЦА. Можноста проектот да биде реализиран ќе зависи од Европскиот суд на правдата… Зошто не се борев за промени додека бев внатре? Таа војна внатре не можев да ја добијам. Дури и знаејќи дека сегашниот систем не му нуди иднина на Ајакс, Андерлехт, Селтик, Бенфика, Панатинаикос, Црвена Звезда и многу други. Сега не стоиме во место, туку одиме по различни патишта за да стигнеме таму каде што сакаме со европскиот клупски фудбал. Покрај недостатокот на финансиска стабилност, во многу натпреварувања, домашни и меѓународни, победниците се однапред познати. Главно поради приходите што клубовите ги заработуваат од домашните пазари. Англија води во овој поглед и можете да видите колку великодушно е претставена Премиер лигата во последните фази од европските натпреварувања. Шпанија е блиску, а тука се и Пари Сен Жермен и Баерн“.
Организацијата на европски професионални клубови (ЕЦА) засега нема слух за овој потфат.
„Имам многу контакти со клубовите и тие се за поинаков фудбалски пејзаж. Но, ако разговарате со мене, се согласувате со мене или ме поддржувате, УЕФА ќе ве забрани. Клубовите не сакаат отворено да се изјаснат дали сакаат подобар и поправеден модел на Лига Европа.Така клубовите ја бранат својата позиција и се прилагодуваат на УЕФА. Мојот наследник во ЕЦА е Насер Ал Келаифи, претседател на Пари Сен Жермен. Добар дечко, не ја следеше Суперлигата. Ја поддржуваше УЕФА затоа што друго првенство не е во нивен интерес. Од него не можете да очекувате промени, но на подолните нивоа има доволно ентузијазам за нови лигашки иницијативи кај многу клубови, но и играчи, јавноста, радиодифузери, инвеститори. Проблем е што УЕФА има монопол и блокира се, се додека тоа го дозволува Европскиот суд на правдата. Пресудата се очекува на пролет, многу ме интересира дали Судот ќе ја потврди монополската позиција на УЕФА на слободниот европски пазар. Дали Судот ќе ја почитува или не фудбалската индустрија, со годишен обрт од околу 50.000.000.000 евра и 700.000 ра ниски места, како економска активност, но како мала игра базирана на волонтери кои играат фудбал со скратено работно време“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

