Свет
Судот во Ајдахо нареди смртна казна, но затворот остана без смртоносна инјекција

Судот во американската сојузна држава Ајдахо донесе наредба за извршување смртна казна на осуденик, но казната не може да се спроведе бидејќи затворот нема смртоносна инјекција.
Американската држава Ајдахо ќе продолжи со егзекуцијата на осудениот на смрт Џералд Пизуто, иако во затворската установа каде што се наоѓа тој остана без хемикалии неопходни за смртоносната инјекција.
Државниот обвинител Раул Лабрадор добил нова наредба за егзекуција на Пикуто, чија егзекуција беше закажана за 15 декември минатата година, објави „Ајдахо прес“.
Сепак, Одделот за казни во Ајдахо не можеше да ги добие потребните хемикалии за да го погуби Пизуто со смртоносна инјекција.
Пизуто помина повеќе од три децении чекајќи смртна казна откако беше обвинет за две убиства во јули 1985 година. Тој ги убил трагачите на злато, Берта Херндон и нејзиниот братучед Дел Херндон. Пизуто има рак на простата, срцеви заболувања, дијабетес и намалени когнитивни способности, па побарал помилување.
Поделениот Одбор за помилување и условни ослободувања во Ајдахо му ја преиначи казната во доживотен затвор, но гувернерот Бред Литл ја отфрли препораката, а Врховниот суд на Ајдахо ја потврди способноста на гувернерот да го стори тоа, па смртната казна остана на сила.
Одделот за поправки во петокот му достави на Пизуто смртна наредба, а новиот датум на извршување е 23 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Планирале државен удар во Германија: под истрага неколку лица

Сојузниот јавен обвинител во Германија започна истрага против неколку лица под сомнение дека се членови на терористичка организација и дека подготвувале сериозно кривично дело насочено против уставниот поредок, соопшти денес Сојузното обвинителство.
Како што е наведено, осомничените планирале насилно соборување на германската држава и воспоставување сопствен државен систем.
Групата е поврзана со таканаречените „Рајхсбургери“ околу принцот Хајнрих XIII, чии водечки членови беа уапсени во декември 2022 година.
Како дел од истрагата, идентификувани се нови осомничени кои наводно ја поддржувале групата или учествувале во подготвителни активности, соопшти баварската полиција.
Поради ова, баварската криминалистичка полиција, под надзор на Обвинителството во Минхен, започна истрага против шест лица.
Денес, во раните утрински часови, беа извршени претреси на осум локации, четири во Баварија, три во Саксонија и една во Тирингија.
Осомничените се пет мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 61 година, прецизираше полицијата.
Обвинителството соопшти дека, поради тековната истрага, во моментов не може да даде дополнителни информации и нагласи дека осомничените се сметаат за невини.
Свет
Кремљ: Договорено место за средба меѓу Трамп и Путин

Местото на средбата меѓу Путин и Трамп е договорено и ќе биде објавено малку подоцна, изјави Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
„На предлог на американската страна, во принцип беше договорено во наредните денови да се одржи билатерална средба на највисоко ниво, односно средба меѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Путин“, рече дипломатот.
„Сега, заедно со нашите американски колеги, почнуваме да работиме на конкретни прашања“, додаде Ушаков.
Свет
„Политико“: Хакиран американскиот судски систем, компромитирани доверливи податоци

Електронскиот систем за поднесување судски предмети на федералното судство на САД беше цел на голем кибер напад, за кој се сомнева дека довел до компромитирање на доверливи податоци во неколку федерални држави, пренесува „Политико од извори запознаени со инцидентот.
Нападот, кој досега не беше објавен, би можел да го загрози идентитетот на доверливи сведоци и соработници во кривични постапки пред неколку федерални судови, според истите извори, кои зборуваа под услов на анонимност, пишува медиумот.
Според нив, Канцеларијата за управување со судовите на САД (AOUSC) прво го утврди обемот на безбедносниот инцидент на почетокот на јули, но сè уште се обидува да го утврди целосниот обем на штетата во соработка со Министерството за правда и локалните судови.
Фото: принтскрин