Спорт
Цел живот навивал за Арсенал, го погребале во дрес на Челси

Човек по име Дејвид бил голем навивач на Арсенал. Тој почина пред една недела, а толку бил опседнат со „Топџиите“, што последна желба му била да биде погребан во дрес на Арсенал.
Но, по грешка на сопругата, на починатиот му облекле дрес на Челзи! Несреќниот Дејвид веројатно се превртува во својот гроб.
Таа се одлучила за најзачуваниот и најмалку носениот дрес во богатата колекција на нејзиниот сопруг. Се решила за бел дрес, но тоа бил гостински дрес на Челси од сезоната 2033.
Приказната на „Твитер“, ја објави ирската новинарка на „Сандеј Тајмс“, Линда Дејли, внука на починатиот навивач.
„Искрено, оваа ситуација го претвори тажниот момент во смешен. Дури и свештеникот кога влезе внатре, збунето праша: „Зарем тој не беше навивач Арсенал?“ Сите пукнавме од смеење. Кутриот Дејвид ќе се врти во својот гроб“, напиша таа на „Твитер“.
Сопругата на Дејвид веројатно била збунета од логото на спонзорот. Тогаш на дресовите на Челзи имаше натпис „Fly Emirates“, кој сега редовно се појавува на дресовите на Арсенал.
Единственото нешто беше што на никому не му било јасно е како тој дрес воопшто се нашол во колекцијата на покојникот. Се претпоставува дека некој му го подарил дресот, а тој со него заминал на оној свет, иако цел живот го сакал Арсенал.
My uncle David, a lifelong Arsenal fan, died on Saturday.
As a nod to his beloved team, we decided to bury him in a Gunners jersey. His gf carefully selected the least-worn top from his collection.
Today, we arrived at the funeral home.
David is being buried in a Chelsea jersey— Linda Daly (@LindaDaly19) February 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид издвојува најмногу за плати од сите клубови во Европа

Реал Мадрид и во новата сезона 2025/2026 го потврдува статусот на клуб со највисоки плати во европскиот фудбал. Според податоците на специјализираните страници „Betideas“ и „Capology“, просечната годишна плата на играчите на „кралскиот клуб“ е 11,2 милиони евра.
Оваа бројка е дури за 60 проценти повисока од сумата што ја издвојуваат повеќето други европски гиганти. Интересно е што ова е сепак мало намалување во споредба со минатата сезона, кога просекот беше малку повеќе од 12 милиони евра.
Далеку зад Реал Мадрид е нивниот најголем ривал, Барселона, чии играчи заработуваат просечно 7,91 милиони евра годишно. Каталонците исто така забележаа пад, со оглед на тоа што минатата сезона просекот беше 8,5 милиони евра.
Третото место на рангирањето го зазема Манчестер сити со просечна плата од 7,43 милиони евра. Сепак, за разлика од шпанските гиганти, англискиот клуб ја зголеми својата сметка за плати за повеќе од еден милион евра во споредба со претходната сезона.
По водечкото трио следува Баерн Минхен со 7,38 милиони евра, потоа Пари Сен Жермен и Арсенал, кои издвојуваат околу 7 милиони евра за просечна плата.
Клубови со највисоки просечни бруто плати во светот
1. Реал Мадрид – 11,2 милиони евра
2. Барселона – 7,9 милиони евра
3. Манчестер Сити – 7,43 милиони евра
4. Баерн Минхен – 7,38 милиони евра
5. ПСЖ и Арсенал – 7 милиони евра
6. Ливерпул и Манчестер Јунајтед – 6 милиони евра
7. Челзи и Тотенхем – 4,5 милиони евра
Foto/ EPA/J.L. Cereijido
Спорт
Нико Ковач го продолжи договорот со Дортмунд

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, го продолжи договорот со „милионерите“ до јуни 2027 година, објави германскиот клуб.
„Нико целосно се посвети на својата улога во Дортмунд. Тој многу добро го познава фудбалот, има јасни принципи, е искрен и директен во комуникацијата и наградува добра работа“, изјави Ларс Рикен, спортски директор на Дортмунд.
Ковач, кој претходно освои трофеи со Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт, го презеде тимот во февруари кога беа 11-ти на табелата во Бундеслигата, по лошиот почеток под водство на Нури Сахин.
Под негово водство, тимот стана многу постабилен и ја заврши сезоната на четвртото место, со што ја обезбеди Лигата на шампионите.
Медиумите известуваат дека клубот преговара со Челзи за потпишување на договорот со аргентинскиот стопер Арон Анселмино, со цел зајакнување на одбраната.
„Веруваме дека тука, заедно со клубот и навивачите, можеме да постигнеме нешто посебно. Нашите разговори во последните недели го зајакнаа моето верување дека можеме да изградиме долгорочен успех врз основа на досегашните резултати и да ја вратиме Борусија таму каде што припаѓа“, изјави 53-годишниот Ковач.
Спорт
Кадилак го потврди и Серхио Перез

Кадилак од наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Минатата недела тимот го потврди дека еден од возачите ќе биде Валтери Ботас, а денес потврда дојде и за Серхио Перез.
Мексиканецот и Финецот имаат многу искуство зад себе, бидејќи во својата богата кариера возеа и за Ред Бул и за Мерцедес во своите најдобри сезони. Ова ќе биде интересен тим, бидејќи за прв пат ќе имаат можност да се борат за статусот на прв возач, што не беше можно ниту за Перез поради Ферстапен, ниту за Ботас поради Хамилтон.
„Потпишувањето на овие двајца возачи е голем чекор за овој нов тим. Сите ги познаваат, додека тие знаат како да бележат одлични резултати во Формула 1“, соопштија од Кадилак.
Од следната сезона, Формула 1 ќе претрпи големи промени, буквално „најбрзиот циркус“ ќе влезе во нова ера, со нов тим во името на Кадилак, кој ќе настапува во докажан состав.
Серхио Перез не е во караванот на Формула 1 оваа сезона, додека Валтери Ботас е трет возач во тимот на Мерцедес.