Црна хроника
Казнети 185 пијани возачи изминатата вечер
Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 185 возачи.
Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 35 на територија на СВР Куманово, 20 на територија на СВР Тетово…
За време на контролата биле санкционирани и 178 други видови на прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајден хероин
Вчера во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 39-годишниот Н.Г. од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец, при претрес пронајдена дрога и пари
Вчера во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода 48-годишниот И.Д. од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Млад прилепчанец влегол преку прозорец во куќа во Охрид за да краде, сопственичката била дома
Приведен е 25-годишен прилепчанец кој упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож од сопственичката украл пари и злато.
„Во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис. Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.