Европа
(Видео) Руска пропагандистка тврди: Можевме да го окупираме Киев за три дена, но не сакавме
Руската пропагандистка Јулија Витјазева изјавила дека Владимир Путин всушност не сакал да го окупира Киев, бидејќи ако сакал, можел да го направи тоа во првите три дена од војната.
– Ги имаме сите капацитети и ресурси да го направиме тоа како што Американците ја зазедоа Фалуџа. Зошто да не? Но, нашиот врховен командант не сака. Не му треба таква победа, рече таа.
Yulia Vityazeva claims on her show on Solovyov Live that Putin didn’t actual want to take Kyiv in three days
"If we had wanted to do it, we would have done it!" pic.twitter.com/iMkeJDgCoc
— Francis Scarr (@francis_scarr) February 25, 2023
Патем, многу експерти предвидуваа дека Киев за само неколку дена ќе падне во рацете на руските војници. Сепак, Украинците дадоа голем отпор и сè уште им се спротивставуваат на руските војници.
Со оглед на тоа дека постои можна закана од пад на Киев, американските власти му понудија на украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде однесен на безбедно, но тој одби и остана со својот народ,пренесе аваз.ба.
Рече дека не му треба транспорт, туку муниција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.