Регион
Курти: Договор меѓу Белград и Приштина е можен до крајот на годинава
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е можен договор меѓу Белград и Приштина до крајот на годинава.
Пред средбата во Брисел, Курти за „Еурактив“ изјави дека Белград и Приштина имаат цел оваа година да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде мазен и покрај зголемениот ангажман на Западот.
„Потребна ни е нормализација на односите, а тоа може да се постигне со заемно признавање како централен дел“, рече Курти и изјави дека Белград е категоричен дека нема формално да ја признае независноста на Косово и Метохија, но дека, како што смета, „може да се договори за де факто признавање“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Сеизмичката бура кај Санторини ја загрижи Турција, граѓаните споделуваат загрижувачки снимки: „Водата се повлече!“
Цела Грција ја следи сеизмичката бура која во последните денови се случува на Санторини. Со засилувањето на сеизмичката серија, со регистрирани околу 10 потреси на час (најголем број од 12 се забележани во периодот од 2 до 3 часот утринава), голем број жители и посетители на Санторини – оние кои не учествуваа во бранот бегство – ја поминаа ноќта во своите автомобили.
Загриженоста поради земјотресите се прошири и во Турција, каде сеизмолозите бараат од жителите на крајбрежните области како Бодрум, Мугла и Ајдинио да внимаваат на можното цунами.
По синоќешната средба во палатата Максимос за земјотресите, на која присуствуваше и премиерот Киријакос Мицотакис, стана јасно дека постои загриженост, но во разумни граници, за можноста од земјотрес со јачина од 6 или повеќе степени според Рихтеровата скала.
„Се испитуваат сите елементи на сеизмичка активност. Досегашните мерки се превентивни. Во секој случај, комисијата за управување со сеизмички ризик ќе биде постојано информирана и постојано ќе заседава. Ги повикувам нашите сограѓани да ги слушаат мерките на експертите и се придржуваме до нив за да можеме да се справиме со моменталната состојба. Има будност, превентивни мерки и организација“, изјави по средбата Василис Кикилијас.
Προληπτικά τα μέτρα. Συνεχής ενημέρωση από τους ειδικούς και εγρήγορση
Ολοκληρώθηκε η σύσκεψη υπό τον Πρωθυπουργό. Ενημερώθηκε, όπως και όλοι οι υπόλοιποι παριστάμενοι, από την επιστημονική μας ομάδα. Φυσικά ενημέρωση θα παρέχεται συνεχώς. Εξετάζονται όλα τα στοιχεία της… pic.twitter.com/7IT7hOqJj8
— Vassilis Kikilias (@Vkikilias) February 2, 2025
Локалните власти на некои од островите, како што се Санторини и Аморгос, ги ажурираа своите планови за евакуација на областите во случај на земјотреси и цунами, а побараа рибарите и приватните чамци да останат врзани денеска. На Санторини, Иос и Аморгос има тимови за итни случаи од спасувачи и лекари, со амбулантни возила и опрема, како дел од постојаната оперативна подготвеност и превентивното зајакнување на механизмите за одговор при итни случаи, пренесува Прототема.
„Водата се повлече“
Додека сеизмичката бура, како што некои научници го нарекуваат феноменот, продолжува, на социјалните мрежи кружат видеа, снимени од жители на крајбрежните области на Турција, како што е Измир, известувајќи дека водата се повлекла во последните денови, прашувајќи се дали овој феномен е поврзан на сеизмичка активност кај Санторини.
Receding waters in Izmir. Scary!#Santorini #SantoriniVolcano #SantoriniEarthquake #Volcano #Earthquake #Kolumbo #Greece #Tsunami 🇬🇷🇬🇷🇬🇷 pic.twitter.com/0jCcSOqQS9
— LeanneSpurs 🇬🇧 (@LeanneSpurs) February 3, 2025
Сеизмологот Акис Целентис во објава на својот Фејсбук профил меѓу другото наведува дека „нема потреба од паника бидејќи паниката е најголемиот убиец, но потребна е будност – феноменот се влошува“.
„По новите земјотреси што се случија, мислам дека и државата (која работи како што треба) и жителите треба да бидат многу внимателни. Националниот комитет за сеизмички опасности има меѓународно искуство и треба да ги слушнете неговите најави. Најголемата опасност е од цунамито. За жал, близината на подводните раседи во оваа област не дозволува доволно време за пристигнување на предупредувањата од Националниот центар за предупредување на цунами, а временскиот јаз помеѓу предупредувањето и пристигнувањето на цунами е многу краток. Жителите веднаш да се оддалечат од брегот и да побараат засолниште во повисоките топографски области штом забележат дека водите се повлекуваат“, рече тој.
Научниците се претпазливи во врска со сеизмичката низа и нејзината еволуција. Во изјава за Прототема, професорот Костас Папазахос рече дека најлошото сценарио е „да се случи посилен земјотрес со јачина од 6 или поголем во регионот“ и посочи дека „тоа е една од најтешките секвенци во грчкиот регион“.
Регион
(Видео) Вучиќ: Во подготовка на храна се разбирам исто како што во политика се разбираат тие што држеа говори во Нови Сад
Ја разбирам подготовката на храната како што тие што одржаа говори во Нови Сад разбираат политика (видео)
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави видео од кујната на Претседателството.
„Се симнав во кујната овде кај Претседателството, како да им помогнам да го подготват денешниот ручек. Веднаш сфатив дека ја разбирам подготовката на храната исто толку како што во политика се разбираат тие што држеа говори во Нови Сад. Денеска мучкалица, но без гибаница нема ништо“, објави на социјалните мрежи Вучиќ.
Регион
Вучевиќ: Оние кои сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за нивните планови
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека брановите протести се можност опозицијата која сака отцепување на Војводина да ги стави на маса ваквите планови, додавајќи дека предводници на тоа се Горан Јешиќ и Динко Грухоњиќ.
Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека ова прашање не се појавило одеднаш и дека оние кои сонуваат за тоа и политички се борат за такво сценарио виделе можност по трагедијата од 1 ноември минатата година.
„Брановите протести се можност да ги донесат овие проекти на маса. Тоа нема никаква врска со трагедијата“.
Вучевиќ, рече дека СНС е „можеби за нијанса поблиску“ до излегување на избори отколку до формирање нова влада.
„Ќе донесеме одлука за десет дена, две недели. И двете опции имаат предности, нема да речам недостатоци, но и одредени предизвици. Можеби сме за нијанса поблиску до одење на избори отколку до нова влада, но тоа не значи дека тоа е конечната одлука. Имаме и круг на консултации во рамките на СНС и со коалиционите партнери. Дел од коалиционите партнери веќе се изјаснија дека се за новата влада. Тие мислат дека треба да избереме нова влада“, рече Вучевиќ.
Како што истакна, ќе ги разгледаат сите аспекти.
-Ќе разгледаме што носат двете опции – што носат нови избори или што носи изборот на нова влада. Нема да се водиме од партиски интереси. Тоа го покажавме со овој чин на оставка. Но, кој е интересот на Србија, на граѓаните на Србија, што може да не доведе до смирување, да речеме, на тензиите во општеството или барање социјален дијалог – рече Вучевиќ.