Спорт
Хулијан Алварез од лето во Барселона?

Хулијан Алварез минатото лето дојде во Манчестер Сити од Ривер Плата за околу 20 милиони евра, но во следниот преоден рок би можел да замине на позајмица во Барселона бидејќи сѐ уште не добива задоволителна минутажа кај менаџерот Пеп Гвардиола, пишуваат шпанските медиуми.
Аргентинскиот напаѓач, кој со својата земја го освои Светското првенство во Катар и постигна два гола во полуфиналето во Хрватска, ја нема очекуваната улога во Сити покрај Ерлинг Халанд, поради што не ја исклучува опцијата за заминување на лето, пишува „Мундо Депортиво“.
Шпанскиот медиум тврди дека Сити планира да го продолжи договорот на Алварез кој сега е со важност до 2027 година и да му ја зголеми платата по настапот на Мундијалот, но фудбалерот сѐ уште нема постигнато договор со раководството на клубот од Манчестер.
Шпанците истакнуваат дека Барселона и Сити имаат многу добри односи и потсетуваат дека каталонскиот клуб претходно планирал да го доведе Алварез. Сепак, аргентинскиот напаѓач заврши во Сити, за кого сезонава забележа 30 настапи и постигна десет гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола има план како да му го украде Гуеи на Ливерпул

Пеп Гвардиола наредил, а Манчестер сити ќе се обид ви финишот на преодниот рок да го реализира трансферот на Марк Гуеи. Капитенот на Кристал Палас, чии договор истекува на крајот од сезоната, цело лето се поврзува со Ливерпул.
Гвардиола сака да ги има Гуеи во составот, откако е извесни дека ќе остане без двајца централни дефанзивци. Нејтан Аке има понуда од Евертон, а за Мануел Аканџи Галатасарај истпари понуда.
Токму Аканџи треба да биде клучот за преселбата на Гуеи во Сити. „Граѓаните“ се подготовени да понудат одредена сума на пари и да го испратат Аканџи во Кристал Палас во замена за нивниот капитен и стандарден репрезентативец на Англија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мијатовиќ: Винисиус не заслужува да го носи дресот на Реал

Предраг Мијатовиќ, стрелецот на голот во 1995 година со кој Реал по 30 години пауза стана европски првак, жестоко го критикуваше Винисиус Жуниор. Актуелниот потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, рече дека Бразиелцот не заслужува да го носи дресот на Реал.
Реал во неделата, победи во Овиедо со 3:0. Два од трите гола Реал постигна во самиот финиш на мечот. Еден постигна Винисиус, но медиумите во Шпанија по мечот повеќе пишуваа за однесувањето на Бразилецот, отколку за она што го покажа на теренот.
„Некои работи не се менуваат. Сметам дека со однесувањето не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид. Се мотивира така што се расправа со сите. Тој е исклучителен фудбалер, но мора внимателно да процените дали вреди да се биде во клубот“, рече Мијатовиќ.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ништо од Димитриевски, Леванте го потпиша Мет Рајан

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски ги разгледува опциите да го смени клибот до крајот на преодниот рок. Валенсија, откако Георги Мамардашвили си замина во Ливерпул, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој е проектиран да биде прв голман.
Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул.
Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски бранеше само на неколку натпревари.
Сега кога Мамардашвили замина, Валенсија, на барање на тренерот Карлос Корберан, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао. По овој потег што го повелекова „лилјаците“ беше јасно дека Димитриевски ќе замине од „Местаља“.
Пред пет дена шпанските медиуми објавија дека Димитиревски е блиску до договор со Леванте, но по се изгледа трансферот нема да се случи.
Претпалднево, Леванте повтрдија дека потпишале договор со искусниот австралиски голман Мет Рајан (33). Тој потпиша како слободен агент (година плус година), откако му истече договорот со Ленс.
Шпанските медиуми, пред три недели, пишуваа дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez