Македонија
(Видео) Јаулески за Алијанса за Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат ќе ги шутнат
Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500-тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица „Македонија“ по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два случаи се еклатантен пример на корупција и криминал.
„Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Груби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса“, рече тој.
Јаулески истакна дека Таравари станал заложник на Груби, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните.
„Вашиот Арбен Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУИ“, потенцираше тој.
Според него, ова е коалиција за спас на Артан Груби а за да има вистинска борба со криминалот на институциите, потребна е дегрубизација на институциите, смета Јаулески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

