Спорт
Дорси ќе го засили Фенербахче
Тајлер Дорси, американски кошаркар кој има грчки пасош е блиску до официјализирање на соработката со Фенербахче, пишуваат грчките медиуми.
Според договорот кој наскоро треба да биде потпишан, 27. годишникот од Пасадена ќе остане во Фенербахче до крајот на сезоната 2023/2024. Месечно Дорси ќе заработува околу 200.000 евра, пишува СДНА. Со годишен договор вреден 1,5 милиони евра, Дорси секако треба да биде еден од најплатените играчи во европската кошарка.
Ваквиот развој на ситуацијата можеше да се предвиди по изјавата што Димитрис Итудис ја даде за грчките медиуми откако дозна дека Дорси повеќе не е играч на Тексас Леџендс, тим кој се натпреварува во развојната „Џи лига“.
„Не е тајна, има малку играчи кои како Дорси можат да направат разлика во Евролигата со својот квалитет и искуство. Очигледно е дека врвните тимови ќе бидат заинтересирани за нив доколку бидат слободни“, изјави за грчкиот „Спорт 24“, тренерот на Фенербахче.
Рокот за пријавување на нови играчи во Евролигата истекува утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јовиќ си оди од Милан
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ не е во плановите на тренерот на Милан, Пауло Фонеска, а големи се шансите тој да го напушти „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.
Ова го тврди познатиот италијански новинар Никола Шира, кој нагласува дека поранешниот центарфор на Реал Мадрид бил блиску до заминување од клубот летово, но дека ги одбил сите понуди.
Центафор Милан сезонава одигра само два натпревари во дресот на клубот од „Сан Сиро“ и собра скромни 64 минути на теренот, без конкретен статистички учинок.
Португалскиот тренер, чија позиција исто така не е сигурна, има многу поголема доверба во некои други играчи, па медиумите на Апенините пишуваат дека сето тоа упатува на сигурна разделба во зимскиот преоден рок, особено што актуелниот договор истекува во јуни следната година и Јовиќ може во јануари да преговара со други клубови.
Спорт
Платини предложи револуционерна промена во фудбалот
Легендата на францускиот и светскиот фудбал, Мишел Платини предложи револуционерна промена. Тој иднината на фудбалот ја гледа во игра10 на 10, а не 11 на 11.
Платини, поранешниот претседател на Европската фудбалска унија, оцени дека натпреварите би биле поатрактивни за гледачите доколку во тимот има десет играчи и дека тоа би создало повеќе простор за игра.
„Можеби треба да повлечеме еден играч и да имаме тим со десет луѓе. Со 11 играчи се игра од 1900 година, но тогаш имаше помалку трчање. Играчите не беа толку силни и играа побавно“, рече Платини.
Платини изрази жалење за досегашниот развој на фудбалот.
„Луѓето од мојата генерација повеќе не гледаат фудбал затоа што не се пронаоѓаат себе си во ваквата игра. Денес има повеќе додавања наназад отколку напред, а во посед на топката има многу додавања. Не критикувам. Но луѓе од мојата генерација кои доживеале поофанзивен фудбал, не сакаат да гледаат таква игра“, додаде славниот Платини.
Спорт
Италијанската полиција го забрани доаѓањето на навивачите на Звезда
Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од Лигата на шампионите – на 1 октомври гостуваат кај Интер, а на 11 декември со Милан. Сепак, како што е наведено на официјалниот сајт на српскиот шампион, симпатизерите на белградските црвено-бели нема да смеат да присуствуваат на Сан Сиро.
Причината за забраната за пристигнување на навивачи од Србија на натпреварот е конфронтацијата меѓу симпатизерите на Делхи и Рома, па безбедносната проценка е дека мора да се спречи евентуална блиска средба на улиците на Милано или други италијански градови.