Македонија
(Видео) Не почна судењето на Жан Митрев, одбраната побара одлагање за да го доекипира правниот тим

Не почна судењето на Жан Митрев и неговата клиника, кои се товарат за измама оти ги држеле во заблуда пациентите со прикривање факти во однос на лекувањето од Ковид-19 со хемофилтрации. Одбраната побара одлагање за да го доекипира правниот тим.
„Верувам во институциите на државата и ќе ја докажам вистината“, изјави Митрев, кој денес се појави во судот.
Кардиохирургот Митрев вчера направил измени во правниот тим што ќе го брани откога адвокатот Стевица Јосифовски на 20 февруари го известил судот дека не може да присуствува на првото рочиште бидејќи е на патување. Митрев вчера го заменил адвокатот Јосифовски со адвокатите Никола Додевски и Никола Лазаров, кои ги ангажирал да ја подготват одбраната, а за што добија рок до 5 април за кога судијката Лидија Пертовска го закажа судењето на кое обвинителката Искра Хаџивасилева треба да го образложи обвинението.
Од Клиниката „Жан Митрев“ утрово соопштија дека Кривичниот суд вчера донел решение за блокирање на сметките што тие го толкуваат како обид за затворање на болницата.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме сè што е во нашите можности и лекувањето на ниеден пациент нема да биде доведено во прашање иако постапките на Кривичниот суд, а на барање на Обвинителството, одат во поинаква насока, односно бараат наше затворање“, соопшти болницата.
Истрагата за Жан Митрев и неговата болница беше отворена по допрен глас по објавите на ИРЛ, а скопското Јавно обвинителство во јануари годинава поднесе обвинение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.