Македонија
(Видео) Адвокатот на Пендиков тврди дека натепаниот не може да зборува, интервјуто за бугарска телевизија не го гледал
Христијан Пендиков ќе се појави пред охридскиот суд кога ќе треба да сведочи, уверува неговиот адвокат Стефан Карамишевски. Тој, по рочиштето, посочи дека Пендиков не може да дојде засега поради здравствени проблеми, а по укажувањето дека давал интервју за бугарска телевизија пред неколку дена, рече: „Не сум го гледал тоа интервју“. За адресата, адвокатот посочи дека ќе ја даде кога ќе ја добие од Пендиков.
„Го застапувам како жртва и оштетен“, додаде адвокатот, кој посочи дека Пендиков не може да зборува и има здравствени проблеми.
Пред судот правниот тим на Пендиков посочи дека не знаат кога натепаниот ќе дојде од Бугарија. Тие тврдат дека отсуството е поради медицински причини. Судот побара адреса за да испратат покана за Пендиков присуствува како сведок на следните рочишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владко Грозданов нов градоначалник на Кочани
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов, прогласи победа на изборите.
„Драги мои сограѓани,
чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност.
Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача.
Како што ветив, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот ден.
Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија.
Време е за неуморна работа за да сплотени го оствариме заслужениот сјај и развој на Кочани.
Со почит и посветеност,
Д-р Владко Грозданов,
ваш Градоначалник на Општина Кочани“, објави тој на „Фејсбук“.
Македонија
Александар Јовановски прогласи победа во Кичево
Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, прогласи победа.
Противкандидат му беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ.
По видеото објавено на „Фејсбук“ во Кичево се собрани голем број поддржувачи на Јовановски кои ја слават неговата победа по улиците.
Македонија
Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени
Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите.
„Граѓаните, институциите, и МВР покажаа зрелост и одговорност што придонесе Македонија да има едни од најмирните избори во последните години. Во текот на денот низ целата држава беа пријавени вкупно 30 настани од кои најмногу пријави беа евидентирани во Скопје. Најчестите пријави се однесуваа на агитирање во близина на гласачки места, вкупно седум случаи, можен поткуп при избори или гласање пет настани, неовластено присуство на гласачко место- четири пријави. Забележани се и изолирани случаи на попречување на гласање, фотографирање на гласачко ливче, неовластено фотографирање на граѓани, како и поединечни настани поврзани со упатени закани. По преземените проверки во 19 од 26 обработени случаи наводите не се потврдени. За дел од нив се утврди дека нема основ за понатамошно постапување, а во други случаи беа изготвени записници и преземени се соодветни мерки. Во моментот за четири настани продолжуваат полициските активности кои се однесуваат на можен поткуп, неовластено фотографирање, агитирање и недолично однесување на членови на избирачки одбор“, извести министерот Тошковски.
Секторот за компјутерски криминал денес регистрирал 18 објави на социјалните мрежи поврзани со изборниот процес. Министерот Тошковски вели дека тие се анализираат и се постапува согласно законските процедури.
Кратко задоцнување на почетокот на гласањето Тошковски рече дека имало на девет избирачки места, а регистрирани се и осум делумно прекини во гласањето поради технички проблеми со апаратите за идентификација кои биле навремено решени и не влијаеле врз текот и законитоста на изборниот процес.

