Македонија
(Видео) Ковачевски со прст кон Мицкоски: Мојата сопруга е под напад, а за ќерка ми се правеа недолични видеа на „Тик-ток“
Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека неговата сопруга Елена е цел на директни напади, а по наредба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, нападите доаѓаат од пратениците на опозициската партија, а искажани од собраниската говорница.
„Јас и моето семејство сме под директен напад, особено мојата сопруга, и под директна наредба од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. До таква атмосфера дојде немајќи никакви други аргументи од страна на ВМРО-ДПМНЕ за реконструкцијата на Владата и со оглед дека нивниот претседател кажуваше дека имал 61 пратеник за да ја турне Владата, по негова наредба, дискусиите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беа насочени директно против мојата сопруга, иако тој знае за одредени здравствени предизвици што ги имаше и ги има“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека нема да бара извинување од Мицкоски.
„Директно под негова наредба, за мојата малолетна ќерка, во текот на јули минатата година, кога се носеше францускиот предлог, се правеа недолични видеа на апликацијата ‘Тик-ток’. И јас за ова од таков нечовек не барам извинување“, додаде Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

