Контакт

Спорт

Еден човек во исто време ќе тренира клуб и две репрезентации

Објавено пред

Поранешниот репрезентативец на Украина, Руслан Ротан (41), по завршувањето на кариерата заплови во тренерските води. Сега ќе влезе во историјата на светскиот фудбал, бидејќи има три ангажмани во исто време.
Ротан е актуелен тренер на украинскиот прволигаш Олександрија, а покрај тоа е селектор и на У21 репрезентацијата на Украина.

dobivaj vesti na viber

Сега ја прифати третата покана. Тој ќе биде селектор на украинската сениорска репрезентација до средината на 2024 година, кога ќе му започне договорот на Сергеј Ребров.

Така, Ротан стана првиот тренер во професионалниот фудбал кој раководи со три екипи истовремено, од кои две се национални селекции.

Украинците се одлучија за оваа необична ситуација поради актуелните воени настани во оваа земја.

Тешко е да се ангажираат тренери однадвор, а некои од фудбалските тренери ја напуштија земјата за време на војната што започна во февруари 2022 година.

Што се однесува до Ротан, тој ќе ги предводи Украинците во квалификациите за ЕВРО 2024, а Украина е во група со Англија, Италија, Македонија и Малта.

Нема сомнеж дека ќе има тешка задача да ги одведе Украинците на Европското првенство.

Што се однесува до Олександрија, тие во моментов се петтопласирани во Премиер лигата на Украина со 25 бода, десет помалку од лидерот Днипро-1.

Ротан имаше забележителна играчка кариера која заврши во 2018 година. Го носеше дресот на Динамо Киев, Славија Прага и беше легенда на Днипро, за кој забележа 316 настапи и постигна 34 гола.

Како играч на украинската репрезентација одигра точно 100 натпревари и постигна осум гола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Реал Мадрид ја напушта Евролигата

Објавено пред

Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во почетната фаза од проектот, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу една милијарда долари во следните пет до шест години.

Според медиумите, Реал е се поблиску до тоа да биде еден од дванаесетте основачи на ова ново натпреварување. Овој потег започнува нова ера во европската кошарка и потенцијално ја менува распределбата на моќта на континентот, бидејќи „НБА Европа“ би можела сериозно да ги разниша традиционалните темели на Евролигата.

Во моментов, повеќето клубови сè уште имаат желба да останат во Евролигата, но потенцијално поголемиот профит и проширувањето на брендот преку „НБА Европа“ би можеле да ги наведат да ги преиспитаат своите приоритети во наредниот период.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Арнолд ќе го напушти Реал, Баерн внимателно ја следи ситуацијата

Објавено пред

Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд ги разочара навивачите на Ливерпул минатото лето, кога по освојувањето на Премиер лигата и истекот на договорот, реши да го напушти клубот каде што се прослави и да се пресели во Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Се очекуваше Реал да добие огромно засилување на позицијата десен бек, но Шпанија не „му легна“ за Англичанецот.

Честите повреди и лошата форма, придонесоа тој да настапи на само 11 натпревари оваа сезона.

Шпанскиот „Ел Насионал“ тврди дека ситуацијата ја „достигнала критична точка“ и дека привремениот тренер на Мадрид, Алваро Арбелоа, му рекол на Трент дека не е во неговите планови.

Главните забелешки се несигурноста во одбраната и фактот дека не ги покажал очекуваните перформанси од него во офанзивата.

Ова беше познато за дефанзивецот уште пред да дојде во Реал, тоа е неговата главна маана, па затоа е неверојатно што го забележале тоа во „кралскиот клуб“ дури сега и дека Арбелоа морал да реагира на ваков начин.

Во Реал наводно веруваат дека понатамошниот престој само би го продолжил проблемот, па затоа е сè поизвесно дека Трент ќе го напушти Реал на крајот од оваа сезона.

За 27-годишниот бек, сето ова доаѓа во чувствителен момент, бидејќи тој се стреми да го задржи своето место во репрезентацијата на Англија пред Светското првенство. Конкуренцијата за неговата позиција е жестока, па останува да се види што ќе одлучи тренерот Томас Тухел.

Се шпекулира за враќање во Премиер лигата, а секако Ливерпул се споменува како главна опција, кој сигурно би бил среќен да го врати.

Утрово во Шпанија и Германија се пишува дека Баерн подготвува понуда за него.

Трент е под договор со Реал до 30 јуни 2031 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 70.000.000 евра.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал најмногу заработил во сезоната 2024/25 – Ливерпул прв пат ја предводи Премиер лигата

Објавено пред

Реал Мадрид е млубот што заработил најмногу во сезоната 2024/25, покажува извештајот од „Дилојт“.

dobivaj vesti na viber

Реал Мадрид, оствари профит од една милијарда и 200 милиони евра, иако минатата сезона не беше ниту шампион на Шпанија, ниту ја освои Лигата на шампионите.

Во првите 10 клуба што заработиле најмногу, има шест од Премиер лигата, 15 во првите 30.

Кога станува збор за Премиер лигата, Ливерпул е „број 1“ во сезоната 2024/25, во која ја освои титулата. Клубот заработил 836,1 милиони евра, односно 702 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед никогаш не бил на пониска позиција на 29 објавени листи на „Дилојт“. Јунајтед е на осмото место оваа година со заработка од 793,1 милиони евра. Манчестер Сити исто така падна на листата. Сити падна од второто на шестото место со заработка од 829 милиони евра.

За Реал, на второто место на листатасе наоѓа Барселона. Гигантот од Каталонија се враќа во првите три за прв пат од сезоната 2019/20. со заработка од 975 милиони евра.

Трет е Баерн Минхен со заработка од 861 милион евра, четврти е победникот на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен со 837 милиони евра.

Првите 20 клуба на листата ја зголемија својата заработка за 11 проценти, тие 20 клуба заработија вкупно 12 милијарди и 400 милиони евра.

Арсенал (седмо место, 821,7 милиони), Тотенхем (деветто место, 672,6 милиони) и Челзи (десетто место, исто како и минатата година, 584,1 милиони) се исто така во првите десет клуба по заработка.

Интер е на 11-то место (537,5 милиони), Борусија Дортмунд е на 12-то место со 531,3 милиони, а потоа следува Атлетико Мадрид со 454,5 милиони.

Топ 20 ги комплетираат Астон Вила, Милан, Јувентус, Њукасл, Штутгарт, Бенфика и Вест Хем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

Демократската унија за интеграција реагира на како што велат, крајно погрешната и штетна патека по која се движи Република Северна...

Македонија41 минута

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија59 минути

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија1 час

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет4 часа

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет5 часа

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија6 часа

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет6 часа

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет6 часа

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...

Свет6 часа

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ....

Култура17 часа

Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска  незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот...

Македонија17 часа

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Економија17 часа

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки...

Македонија23 часа

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија24 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија1 ден

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет1 ден

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија1 ден

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија1 ден

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...