Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани за злоупотреба на лични податоци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ. Л. (29) и Ф. Б. (25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на лични податоци и измама при добивање кредит или друга погодност.
Пријавените пронашле изгубена лична карта на лице од Скопје и во текот на ноември 2022 година со пронајдената лична карта, лажно претставувајќи се дека се лицето со генералии од личната карта, во две филијали на финансиски друштва, во два наврата, секој лично, се обиделе да подигнат брз кредит и на тој начин се обиделе да го доведат во заблуда административниот службеник да им одобри брз кредит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за началник од Кисела Вода, при претрес најдени муниција и солзавци

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради сомнежи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Двајца скопјани најдени починати во своите домови, телата на обдукција

Педесет и двегодишен маж и 77-годишна жена во текот на вчерашниот ден биле најдени починати во своите домови во Карпош и Кисела Вода.
За првиот случај, МВР соопшти дека вчера на пладне во домот во Каропош пронајден е И П.(52) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Околу осум часа подоцна, во домот во Кисел Вода, најдена е почината К.Ч.(77) од Скопје која живеела како потстанар. И кај неа, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.
Топ
Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга.
Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба. Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата.
„Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош“, соопшти Обвинителството.
Се бара протвор за осомничениот.