Македонија
Трајанов: Ковачевски има несериозни политики, ама несериозен е и со замениците министри кои ги предлага
Во Македонија секој ден се покажува дека не можеме да одиме напред. Премиерот вели уште појако одиме кон Европа, мнозинството е стабилно, прашувам како кога гласаа прво 64 пратеници, а сега само 62 пратеници. Во секој случај несериозноста се покажува на дело, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за именување на заменици министри.
„ Спомнавте реформи, но очигледно нема да можете да донесете ниту закон. Се пофали премиерот со плати и пензии повисоки, но никако да каже за инфлацијата. Инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Колку и да ги зголемувате ако не надмине зголемувањето 30 проценти се друго не значи ништо“, рече Трајанов.
Пратеникот укажа дека освен несериозност во политиките, има несериозност и во ова што ни се нуди како кандидати за заменици министри. Трајанов се осврна на состојбите во земјоделието.
„Предлагате инспектор за земјоделие може да биде било кој како тој ќе ја извршува работата. Предлагате заменик министер со завршено школо за книжевност. Министерот е правник. Вие значи предлагате луѓе кои нема да знаат што да прават и во вакви услови ни велите реформи какви реформи“, рече Трајанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.