Македонија
„Заедно за чисто Охридско Езеро“ – од секое купено „скопско“ издвојуваме по 1 денар за заштита на нашето природно богатство
1. „Наша гордост. Наша одговорност“ – Скопско со нова акција за чисто Охридското езеро
2. „Заедно за чисто Охридско езеро“ – Од секое купено Скопско издвојуваме по 1 денар за заштита на нашето природно богатство
„Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која СКОПСКО ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа – НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСT, која првично беше претставена во декември минатата година. Платформата е создадена со една единствена цел – преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај.
Првиот чекор за оваа година е кампањата „Заедно за чисто Охридско езеро“ која што започнува со иницијатива за собирање на средства при што од секое продадено стаклено шише од 0.5л Скопско и Скопско Smooth се издвојува по 1 денар за активности посветени на чистење на нашето најпрепознатливо придодно обележје. Дел од планираните активности, за чија цел ќе се искористат овие средства се поставување на пловни препреки на едни од најголемите загадувачи на Охридското езеро – реката Сатеска и реката Даљан, акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата.
„Идејата на оваа кампања е на еден широк и инклузивен начин да ги вклучиме сите љубители на Скопско – со купување на омиленото пиво директно да ја поддржат заложбата и да се вклучат во остварување на идејата за долгорочно одржување на чисто Охридското Езеро. Ова е почеток на кампањата, но во годините кои следат фокусот ќе биде и на останатите природни и културни обележја. „Крајната цел е преку заедничка акција да допринесеме до природни убавини ослободени од отпад и едуцирана јавност која знае како да ги заштити“, изјави Марта Завкова, Сениор Бренд Менаџер на Скопско.
Реализацијата на овој проект е во соработка со клучните партнери Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид, Струга и Дебарца, како и волонтерите.
„Полека но сигурно идејата за чиста и зелена иднина позитивно се одразува кај сите, па иако нè чека уште многу работа, секој чекор напред е важен! Во овој момент едукацијата за циркуларна економија е особено важна, а токму преку собирање, селектирање и рециклирање на отпадот може да се придонесе кон почиста средина,“ изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.
За целите на платформата, култните стаклени шишиња на Скопско и Скопско Smooth добија нов, тематски дизајн и веќе се пуштени во продажба. Повеќе информации за платформата и планираните акции може да најдете на skopsko.mk.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

