Македонија
Јанушев: Маја Манолева има опомена од ДКСК за судир на интереси, а вие сакате да ја направите заменик-министер за здравство
„Изминативе години сите ние знаеме да кажеме една поговорка или фразата – нема леб тука. Е, ова – нема леб тука, премиере, го направивте да биде навистина да нема леб тука. Не можам да ве разберам со кој памет излегувате и се обидувате да оправдате или да излажете колку е тоа добро кога ние за леб немаме. Нема леб, вие ни зборувате тука за економија, за патишта, за инвестиции, за капитални инвестиции, а леб нема“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Јанушев нагласи дека десет месеци преку еден ден има закани за бомби во училиштата и учебната година ќе заврши, а учебници нема.
„Не можам да разберам како десет месеци, ако не секој ден, тогаш преку еден ден ни се јавуваат учителките да си ги земеме децата поради бомби, толку ли нема некој што ќе каже дајте направете нешто, ајде што нема учебници, ајде што ќе заврши школската година, немаат од што да учат, зошто молчите, зарем тоа е европскиот пат, премиере“, изјави Јанушев.
Пратеникот Јанушев го праша премиерот за кој животен стандард зборува во експозето кога потрошувачката кошничка никогаш не била поголема, со две плати не може да се врзе крај со крај.
„Морам да ви признам како добро ја изигравте Алијансата под превезот ќе го зголемуваме мнозинството, едвај го изедначивте, ама под плаштот на тоа дека се зголемувате, окрупнувате и поради Европа, морам да признам, дека многу добро ги изигравте. Веројатно, тоа е единственото нешто за кое можеме да ви признаеме дека сте добри. Да зафркнете некого, да го превеслате, да украдете и да излажете. Кој животен стандард, да се навратам на експозето на премиерот, потрошувачката кошничка поголема никогаш не била, со две плати не може да се врзе крај со крај, а вие зборувате како е подобро. Срамно е ова што го правите“, нагласи Јанушев.
Јанушев рече и дека госпоѓата Маја Манолева, во моментот, покрај предлогот да биде заменик-министер за здравство, е в.д. директор на Јавната здравствена установа Завод за физикална медицина и рехабилитација и истовремено е управител на приватната здравствена установа „Физиоплус – д-р Манолева“ и за ова веќе била опомената од ДКСК.
„Она што е интересно е предлогот за здравство, која впрочем не доставила ниту биографија, госпоѓата Маја Манолева, во моментот покрај предлогот да биде заменик-министер за здравство, е в.д. директор на Јавната здравствена установа Завод за физикална медицина и рехабилитација и истовремено е управител на приватната здравствена установа ‘Физиоплус – д-р Манолева’ и за ова веќе била опомената од ДКСК дека треба да се повлече од една од двете функции бидејќи има судир на интереси, но петнаесет дена не го направила тоа, и вие сакате да ја направите заменик-министер“, нагласи Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

