Македонија
И да има 24-часа полициско обезбедување во училиштата, проверките при дојави за бомби остануваат
Упатството за постапување во случај на дојава за бомби е променето, но проверките и натаму остануваат. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој вечерва посочи дека не само МВР туку и другите институции треба да постапат за да се спречат лажните дојави. Спасовски веќе побарал од агенциите задолжени за безбедноста на државата, да дадат што направиле поврзано со дојавите, по што министерот додаде: „Ако некоја институција не презела нешто што требала, ќе го известиме Обвинителството“. Тој додаде дека полицијата патролно ги обезбедува училиштата 24 часа во денот.
„МВР од првиот момент интензивно работи. Оваа активност не е само некоја со која треба да се справи само МВР туку и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации. Ние работевме интензивно изминатиот период“, посочи Спасовски.
Тој додаде дека упатството по кое е постапувано при дојава за бомби е променето оти било застарено.
„Донесовме упатство, односно акт. Согласно него, ќе започнеме нови активности од утре. Дадени се одредени насоки, работиме интензивно со Министерството за образование и наука. Ќе се започне со комуникација со нашите сектори со образовните институции и на тој начин да дојдеме до решение каде учебниците ќе бидат безбедни, а и наставниот процес ќе биде безбеден. Упатството е такво дека мора да се преземаат тие мерки што мора да се преземаат. Затоа мора колегите да постапуваат. Но не останавме само на постапувањето, туку оваа состојба да се реши“, додаде Спасовски.
Министерот за внатрешни работи смета дека сите институции треба да се борат, кога во прашање е терористичка закана.
„За нас безбедноста на граѓаните, учениците, наставниците, е приоритет. Но секој треба да си земе обврска“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

