Црна хроника
Претрес во Радовишко, три лица вршеле трговија со половни нерегистрирани моторни возила
На 2.3.2023, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, во координација со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, инспектори од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, со судска наредба извршиле претрес во дом и помошни простории во село Јаргулица, Радовишко, кои се сопственост и ги користат Д. Т. (22), Н. Т. (25) и Б. Т. (44), сите од Радовиш, со престој со No suggestions.
При претресот во дворот биле затекнати 24 патнички возила, 1 товарно возило, 1 шлеп-возило, 3 мотоцикли и 2 каросерии, како и повеќе регистарски таблички. Поради постоење сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик, од Д. Т. биле одземени едно патничко возило „фолксваген туарег“, со бугарски национални ознаки, 1.900 евра и 42.000 денари во разни апоени, а од Б. Т. биле одземени 5 словенечки сообраќајни дозволи и 4 договори за купопродажба, кои се однесуваат на возила што во моментот не биле затекнати во дворното место.
Од Царинската управа на Д. Т. му е издадена наредба за непостапување со стоки за 6 патнички возила за кои било утврдено дека ги немаат платено пропишаните давачки во согласност со Законот за царината, а од Државниот инспекторат за животна средина биле констатирани неправилности по Законот за управување со отпадот за што е изречена соодветна санкција. Воедно, од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека Д. Т., Н. Т. и Б. Т. во село Јаргулица вршеле трговија со половни моторни возила без да се регистрирани во соодветниот регистар за што ќе им биде издадено решение за привремена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.
Тројцата биле повикани во Полициската станица Радовиш и со нив биле извршени службени разговори, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави поради сомнение за сторени кривични дела шверцување по член 278, царинска измама по член 278-а, фалсификување исправа по член 378, како и перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повеќе сообраќајни незгоди во државата – пијан велосипедист и тинејџер со мотор меѓу повредените
Во текот на 5 ноември биле регистрирани повеќе сообраќајни несреќи низ земјата, во кои четворица учесници се здобиле со тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје, на обиколницата кај клучката Хиподром, автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 78-годишниот Б.В., излетал од коловозот. Возачот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди.
Во село Радање, општина Карбинци, 22-годишен велосипедист изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки повреди и бил пренесен во штипската Клиничка болница. Истиот ден, во село Бучим кај Радовиш, 13-годишен малолетник управувајќи мотоцикл „Хамачи“ паднал и исто така се здобил со тешки телесни повреди.
Тешка несреќа се случила и во Гевгелија, на улицата „Моински пат“, каде што автомобил „Ленд Ровер“ удрил во велосипедист. Повреден е 51-годишен жител на Гевгелија, кај кого, по извршени проверки, било утврдено присуство на 1,94 промили алкохол во крвта.
Во сите случаи полициски екипи извршиле увид, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите на сообраќајките.
Црна хроника
Насилство во две основни училишта во Скопје
Во текот на изминатите денови во Скопје биле пријавени два одделни инцидента во училишта, информира Министерството за внатрешни работи.
На 3 ноември, околу 8:40 часот, во основно училиште во општина Карпош, малолетно дете било физички нападнато од друг ученик. Настанот бил пријавен два дена подоцна, на 5 ноември, од страна на мајката на ученикот.
Исто така, на 4 ноември, околу 12:20 часот, во училишен двор во населбата Драчево бил нарушен јавниот ред и мир поради физичка пресметка меѓу три ученици – двајца од едната и еден од другата страна.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Две фабрики вчера гореле во Скопје
Два одделни пожара избувнале вчера во фабрики на подрачјето на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар бил пријавен утрото, околу 9:10 часот, во фабрика во општина Гази Баба, а вториот попладнето, околу 14:30 часот, во фабрика во Кисела Вода. Во двата случаи интервенирале екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои навремено ги изгаснале пожарите.
Повредени лица нема, а полициски екипи извршиле увид на местото на настаните за утврдување на причините за избувнувањето на огнот.

