Контакт

Свет

Адвокат од САД прогласен за виновен за убиство на сопругата и синот

Објавено пред

Поранешниот адвокат на Јужна Каролина, Алекс Мардо (54), е прогласен за виновен за убиство на сопругата и синот и се соочува со најмалку 30 години затвор.

dobivaj vesti na viber

Поротата расправаше помалку од три часа пред да го осуди Мардо за убиството на сопругата Меги (52) и најмладиот син Пол (22) во четвртокот вечерта на крајот од шестнеделното судење, објави Би-би-си.

Според извештаите, Мардок се соочува со 30 години до доживотен затвор, без помилување за секое убиство.

Меги и Пол Мардо беа застрелани во близина на одгледувачницата за кучиња на имотот на семејството на 7 јуни 2021 година.

„Доказите за вина се огромни“, рече судијата на Окружниот суд во Јужна Каролина, Клифтон Њуман.

Мардо некогаш бил влијателен адвокат во Јужна Каролина, а со децении, до 2006 година, членовите на неговото семејство биле водечки обвинители во областа.

За време на судењето, сепак, било откриено дека тој со години крадел од своите приправници и клиенти за да ја задоволи зависноста од лекови против болки и да си обезбеди екстравагантен начин на живеење.

Мардо се изјасни за невин за убиствата, но за време на судењето призна дека лажел за своето алиби и финансиските злосторства, што му наштети на неговиот кредибилитет кај поротата.

Имено, тој го смени сведочењето откога поротата слушна аудиодоказ дека бил на местото на злосторството неколку минути пред да се извршат убиствата.

Судот слушнал и за бизарниот обид на Мардо да ја лажира сопствената смрт за да добие осигурување само три месеци откако ги убил сопругата и синот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ле Пен: Нашата партија има сериозни шанси за апсолутно мнозинство во парламентот

Објавено пред

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен денеска изјави дека нејзината партија има „сериозни шанси“ за апсолутно мнозинство во францускиот парламент и ги повика граѓаните да гласаат на изборите во недела.

dobivaj vesti na viber

„Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание“, изјави Ле Пен за „CNews“, иако анкетите покажаа дека таквото сценарио е помалку веројатно, пишува Гардијан.

Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 30 јуни, РН освои околу 34 отсто од гласовите.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Два вулкани еруптираа во Италија: улиците се чистат од пепел, аеродромот затворен

Објавено пред

Еррупциите од италијанските вулкани Етна и помалите Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија и ги принудија властите да го затворат аеродромот во Катанија.

dobivaj vesti na viber

Етна, еден од најактивните вулкани во светот, е исклучително активен во последните денови, а неговите ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија.

Италијанската цивилна заштита издаде црвен аларм за Стромболи, предупредувајќи на можно влошување на ситуацијата. Министерот за цивилна заштита Нело Мусумеци рече дека плановите за евакуација на населението во Стромболи се „во подготвеност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари.

Околу градот Катанија, на источниот брег на Сицилија, жителите и властите почнаа да ги чистат улиците од вулканска пепел. Поради вулканската пепел, пистата на аеродромот е оневозможена и откажани се сите полетувања и пристигнувања на авиони.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Возел џип на плажа, па почнал хаосот: полицаец спречил поголема катастрофа

Објавено пред

Полицаец скокнал во автомобил во движење за да спречи пијан возач и на тој начин да спречи трагедија.

dobivaj vesti na viber

На плажа во рускиот град Краснојарск во Сибир се појави џип управуван од пијан маж.

Со својот автомобил тој влетал право во преплашените туристи, а потоа во реката, пренесуваат локалните медиуми.

За да го спречи, полицаецот го стигнал автомобилот, ја отворил задната врата, скокнал во патничкиот простор и го принудил возачот да застане.

Ја спречил трагедијата и смртта на невините туристи кои скаменети ја гледале шокантната сцена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, и вработените ќе подготват специјален...

Македонија2 часа

В година со уште позаострени мерки против препишување, 3,25 била просечната оценка на државната матура

Просечната оценка што ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. Во споредба со минатите години постои намалување (3,65...

Македонија2 часа

(Видео) Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, доаѓа за претседател на СДС со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските...

Македонија4 часа

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ најави германско-белгиска инвестиција Станува збор за германската компанија ЕПСОТЕХ која во партнерство со...

Свет4 часа

(Видео) Евакуиран дел од најголемиот аеродром во Европа: полицијата и кучиња трагачи на местото на настанот

Вториот терминал на аеродромот „Хитроу“ во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат медиумите. Police dogs are here 🙃 pic.twitter.com/4ZgrkGzPpR...

Свет4 часа

Би-си-си: Се очекува Сунак формално да ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс во наредните часови

Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија по 14 години власт на вчерашните избори претрпе пораз од лабуристите,...

Македонија4 часа

Изгаснати девет пожари на отворено, во Гевгелија пронајдени неексплодирани гранати, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1. 975 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Свет5 часа

Поранешниот американски државен секретар Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие конфликтот со Русија, страните ќе мора да го решат дипломатски, изјави поранешниот американски...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери додека луѓе страдаа и умираа

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер,...

Свет5 часа

Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, шпекулациите не може да бидат точни или може

Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор...

Свет5 часа

(Видео) Италијанците го кренаа највисокото ниво на тревога по излевањето на лавата од вулканот

Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите да го подигнат нивото на тревогата од портокалово на црвено,...

Спорт17 часа

(Фото) Известувачот на Макфакс го сними оперираното колено на Новак Ѓоковиќ

На прес конференција по натпреварот против Британецот Џакоб Ферли, Новак Ѓоковиќ за прв пат на Вимблдонскиот турнир се појави без...

Култура23 часа

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија1 ден

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија1 ден

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија1 ден

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура1 ден

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија1 ден

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...

Македонија1 ден

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата за време на состанокот со австрискиот...

Свет1 ден

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....