Спорт
Најголемите дерби натпревари во светот: Звезда-Партизан на седмото, Динамо-Хајдук на 18.место
Спортска Србија денеска е на нозе, се игра 169. „вечно дерби“. Црвена звезда од 19 часот ќе го пречека Партизан.
Звезда, нема пораз сезонава и на табелата 13 бода повеќе од Партизан. Белградското дерби е едно од најпознатите светски дерби натпревари, а натпреварите со висока енергија редовно го привлекуваат вниманието на навивачите надвор од земјата каде што се играат.
Англискиот портал „Footballtoday.com“, донесе листа на 25. најголеми. Од регионот покрај дербиот Црвена звезда-Партизан, на листата се наоѓа и хрватското дерби Динамо Загреб-Хајдук.
Број 1 на оваа листа е „Олд Фирм“, како што се нарекува шкотсото дерби помеѓу Селтик и Ренџерс.
Листата е помалку и субјективна бидејќи како големи дерби средби се ставени дуелите Блекбурн-Барнли и Вест Хем-Милвол, а нема ниту едно германско и португалско дерби, додека од Италија на листата е само дербито на Рим. Прашање за уредниците на порталот е и зошто не го ставиле на листата дуелот на градските ривали Севилја и Бетис.
Прашање е зошто Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се на петтото место, кога вистинското ривалство на клубовите од Манчестер започна пред 15 години.
Најголемите светски дербија според „Footballtoday.com“.
1. Селтик – Ренџерс
2. Манчестер Јунајтед – Ливерпул
3. Барселона – Реал Мадрид
4. Бока Јуниорс – Ривер Плата
5. Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити
6. Фенербахче – Галатасарај
7. Партизан – Црвена звезда
8. Блекбурн Роверс – Барнли
9. Милан – Интер Милан
10. Арсенал – Тотенхем
11. Коринтијанс – Палмеирас
12. Ајакс – Феенорд
13. Марсеј – Пари Сен Жермен
14. Лил – Ленс
15. Олимпијакос – Панатинаикос
16. Лацио – Рома
17. Атлетико – Реал Мадрид
18. Динамо Загреб – Хајдук Сплит
19. Кардиф Сити – Свонси Сити
20. Национал – Пењарол
21. Бирмингем Сити – Астон Вила
22. Чивас – Клуб Америка
23. Вест Хем Јунајтед – Милвол
24. Лион – Сент Етјен
25. Ференцварош – Ујпешт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.
Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.
Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.
„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.
Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Норвешка во трилер завршница ја победи Шпанија
Норвешка, во ново формираната Група 1, на Европското првенство ја победи Шпанија со 35:34.
Шпанија, во најголем дел го контролираше натпреварот во Хернинг, меѓутоа Норвежаните беа подобри во финишот, мога анулираа минус од два гола и го презедоа водството.
Голот за победа го постигна Сагосен на 12 секунди до крајот. Шпанија имаше напад за реми, меѓутоа во ситуација шест на четири (Норвашека имаше двајца играчи помалку), Фернандез од чиста позиција се обиде да фрли цепелин за Абељо, топката ја пресече најдобриот Норвежанец, Педерсен.
Судиите, во таа ситуација прво досудија седмерец за Шпанија, но откако го прегледаа видеото, ја променија својата одлука и ја прогласија победата на Норвежаните.
Педерсен го предводеше својот тим со 11 голови, Грендал и Сондал постигнаа по пет. Гомеш Абељо со осум и Алекс Душебаев со шест гола беа најефикасни во редовите на Шпанија.
Норвешка сега има два бода, а Шпанија остана без бодови и без шанси за пласман во полуфиналето.
Foto/ EPA
Спорт
Барселона најмалку четири недели без Педри
Барселона објави дека шпанскиот репрезентативец Педри ќе биде надвор од теренот во следните четири до пет недели поради повреда на тетивата, што значи дека ќе пропушти помеѓу седум и десет натпревари. Педри се повреди вчера, во Прага против Славија, во Лигата на шампионите.
Според каталонските медиуми, во тој период Барселона ќе биде без еден од клучните играчи за врска најмалку шест до седум натпревари, вклучувајќи ги натпреварите во Примера, Лигата на шампионите и Купот на кралот.
Педри сигурно ќе го пропушти претстојниот дуел со Реал Овиедо на „Камп Ноу“, како и средбата против Копенхаген во последното коло од првата фаза од Лигата на шампионите.
Дополнително, Барселона ќе игра и натпревар од Купот на Кралот против Албасете во наредниот период, како и лигашки дуели со Мајорка, Џирона и Леванте.
Во зависност од резултатите во европските и домашните натпреварувања, Барселона би можела да одигра дополнителни натпревари за време на отсуството на Педри.
Евентуален пласман во плејофот на Лигата на шампионите би значел дека Педри речиси сигурно ќе го пропушти првиот натпревар од нокаут фазата кон средината на февруари.
Барселона ќе биде дополнително ослабена, наредната среда против Копенхаген, бидејќи Френки де Јонг нема да игра поради суспензија.
Порано оваа сезона, Педри имаше проблеми со повреда на тетивата, поради што отсуствуваше околу еден месец, а пропушти и еден натпревар пред зимската пауза поради проблем со коленото.
Вкупно, тој отсуствуваше шест натпревари оваа сезона, Барселона забележа четири победи во Ла Лига без него, додека во Лигата на шампионите ремизираше со Клуб Бриж (3:3) и загуби од Челзи (0:3).
Foto/ depositphotos

