Спорт
Арсенал сака да го задржи Салиба на „Емирати“
Раководството на Арсенал ги продолжува разговорите со дефанзивецот Вилијам Салиба за обновување на негoвиот договор. 21-годишниот Французин оваа сезона стана клучен играч во тимот на Микел Артета, со 29 настапи, два гола и една асистенција. Затоа „Емирати“ се решени да го врзат долгорочно.
Актуелниот договор на Салиба е до јуни 2024 година, но клубот се надева дека тој ќе го продолжи договорот за уште најмалку три години, а исто така ќе добие големо зголемување на платата.
Салиба е производ на академијата на Сент Етјен, а потпиша за Арсенал во 2019 година. Тој првично не успеа да се пробие во првиот тим и беше испратен на позајмица во Сент Етјен, Ница и во Олимпик Марсеј, а токму неговите настапи на „Велодром“ го убедија Микел Артета да го врати назад и да му даде шанса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тенисер се заби во противникот и поради тоа победи
Неверојатна сцена го обележа мечот од Дејвис купот помеѓу репрезентациите на Чиле и Белгија.
Во решавачкиот меч за пласман понатаму решаваа Зизу Бергс и Кристијан Гарин. Дуелот имаше неверојатен крај.
Во последниот сет Бергс направи брејк за 6:5 и реши да слави. Тој скокна и удри во противникот, кого го собори на теренот.
Чилеанците бараа дисквалификација за Бергс, но судијата не се согласи со нив. На Гарин му отече окото и не сакаше да го продолжи натпреварот, поради што беше казнет.
Судијата му одзеде гем на Чилеанецот, а Белгија се пласира во наредната рунда.
На крајот резултатот беше 6:3, 4:6, 7:5 за Бергс.
Спорт
(Видео) Данците го пуштија Дувњак да го постигне последниот гол за Хрватска
Ракометната репрезентација на Хрватска доживеа пораз од Данска (26:32) во финалето на Светското првенство. Данска ја освои четвртата последователна титула светски шампион. До победата ги предводеше најдобриот играч на турнирот и најдобар стрелец, Матијас Гидсел, кој постигна 10 гола.
Последниот гол на натпреварот го постигна капитенот на Хрватска Домагој Дувњак. Данците како вистински џентлмени му дозволија на Дувњак да го постигне својот последен гол во дресот на Хрватска на десетина секунди до крајот.
36-годишниот Дувњак вечерва стави крај на репрезентативната кариера. Еден од најдобрите и најголемите играчи во историјата на хрватскиот ракомет се прости со сребро на Светското првенство, што е негов деветти медал со Хрватска. За жал, ниту еден од нив не беше златен, но без разлика на тоа, Дувњак одбележа цела ера на хрватскиот спорт.
A lovely moment at the end of a fierce battle. Domagoj Duvnjak scores one final international goal, honoured by the Danish players before they wheel away in celebration of their 4th consecutive World title! pic.twitter.com/5a4OfkHfY6
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) February 2, 2025
Спорт
(Видео) Интер во 93.минута избегна пораз од Милан
Милан во 93.минута остана без победа во дерби дела Мадонина. Во 23.коло Милан и Интер одиграа 1:1 (1:0).
Милан една минута го делеше од третата победа над градскиот ривал оваа сезона. Водеа до 93. минута со голот на Рајндерс во 45. минута, но Де Фрај во 93.минута спаси бод за Интер.
„Росонерите“ го совладаа Интер со 3:2 во финалето на италијанскиот Суперкуп во Ријад пред еден месец, а во првиот дел од сезоната во Серија А победија како гости со 2:1.
Првото полувреме на „Сан Сиро“ донесе очекувано тврд натпревар, Интер имаше нешто повеќе игра, два гола му беа поништени, додека Милан претпазливо стоеше зад топката и чекаше да нападне од контранапад.
И тоа го направи во 45. минута, кога сурово ја казни ноншаланцијата на Хакан Чалханоглу.
Турскиот играч за врска и поранешен играч на Милан беше невнимателен на средината на теренот, на противничката половина Абрахам му ја зеде топката и започна молскавична транзиција за „росонерите“, а Рајндерс го совлада Зомер.
Во вториот дел Милан во најголем дел ја контролираше ситуацијата на теренот, се до последните 15 минути кога Интер со сите сили тргна во напад.
Во последните минути имаше три колосални шанси, а среќата беше голем сојузник на Милан, бидејќи Бисек, Турам и Дамфрис ја погодија рамката од голот. Но Милан не успеа да се одбрани, во 93.минута Де Фрај го постави конечниот резултат.
Бранителот на титулата Интер останува втор во поредокот со 51 бод, два помалку од Наполи. Милан е осми со 35 бодови, но заостанува само пет поени зад четвртопласираниот Јувентус.