Економија
(Видео) Стојаноски: Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д да го намести 22 милионскиот тендер за Ептиса?
Денес откриваме нови детали, кои отвораат сомнеж дека Ковачевски и Груби го местеле тендерот за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, рече на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако министерството за транспорт и врски дава потврда на ЕПТИСА за надзор при изградба, по веќе претходна забрана од страна на владата, за што зборувавме вчера, сега, вели Стојаноски, ќе обелодениме информации како се менувани условите во тендерската постапка, за на крај ЕПТИСА да биде фирмата која ќе ги исполни и ќе го добие тендерот.
„7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, власта го продолжува рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена.
Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, е изменет и условот со кој се бара понудувачот да приложи Извештај за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадена од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и повторувам позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер за надзор владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред“, додава тој.
Сомнежите, како што вели, се дека овие измени се направени за фирмата ЕПТИСА, која и го добива тендерот од 22 милиони евра, бидејќи според податоците до кои дојдовме истата во 2019 година работела со загуба од 6.7 милиони евра, 2020 година со 6.9 милиони евра, а 2021 година со 8.5 милиони евра минус.
Со менувањето на условот понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. И истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.
„Дали владата смета дека на тендер од 22 милиони евра за надзор не може и нема да се јават фирми со позитивни биланси, па мора да овозможи на истиот да се јават и загубари? Ковачевски и Груби свесно го минираат проектот за изградба на автопати со фирми и бизнис шеми со фирми во загуба, со сомнителни средства и текови. Дали тендерските услови се менувани токму за ЕПТИСА? Дали владата мести тендер и зошто?“, прашува Стојаноски.
Порачува дека ЈО не смее да молчи и побара одговори веднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

