Македонија
Променливо облачно време со локален дожд во западните делови
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе врне слаб локален дожд, а на високите планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус 6, а максималната ќе се искачи до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 15 степени.
Следните денови се очекува период на променливо облачно време. Локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“, велат од партијата Левица
Во селото Ореовец (прилепско), се наоѓа Црквата „Св. Димитрија“, која е гробиштен храм изграден во 1874 година. Црквата претрпе огромни штети, по вршењето на минирањето од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, велат од партијата Левица.
„Штетата е настаната по минирањето во непосредна близина од страна на преплатениот од народни пари конзорциум, што предизвикало земјотреси чија последица се одразила и на овој објект. Во Црквата има фрески постари од 150 години – дел од нив изработени на дрво и кожа, кои освен што се од огромно значење за месното население, туку тие претставуваат и богато културно наследство за овој крај.
Од потресите, оштетени и испукани се ѕидовите на Црквата и ако се продолжи со минирање, голема е веројатноста да настанат штети од поголеми размери, што не ја исклучува можноста да се случи и нејзино целосно рушење.
Покрај штетата на Црквата, од минирањето: загрозени се извори на вода од кои и денес се снабдува Прилеп со вода; оштетени се куќи во селото Ореовец; се крева прашина која поради струењето на воздухот и релјефот на теренот целосно паѓа во Прилеп и прилепските села и се уништуваат ендемични видови на животни.
Прилепчани десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување. Пратеникот од редовите на Левица – Сашко Јанчев, присуствуваше на протестите и даде поддршка на блокадата.
Левица претходно го блокираше спроведувањето на договорот со „Бехтел и Енка” со илјадници амандмани. Сега најавуваме дека нашите активисти се спремни веќе и физички на терен да ја поддржат борбата на граѓаните“, соопшти партијата Левица.
Македонија
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев
Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапи по жалба на одбраната на осомничениот Н.Ѓ. изјавена против решение на судија на претходна постапка од 21.05.2024 година:
„Денеска, по барање на одбраната на осомничениот одржа јавна седница на која по произнесување на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.
Македонија
Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија
Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.
Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
Потсетуваат дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што како што велат е утврдено дека е спротивно на законите.
„А тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.
Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, се истакнува во информацијата од ДКСК.