Црна хроника
Уапсен тетовец, ја нападнал сопругата и ѝ се заканил со нож
Тетовец си ја нападнал сопругата и ѝ се заканил со остар предмет, информира полицијата.
Имено, вчеравечер, околу 22.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот Т. М. од тетовско село, кој бил пријавен од 37-годишната сопруга дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет.
Тој, според МВР, бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.