Македонија
(Видео) Врие од полиција, дојдоа и роднини пред кафулето во Чаршија – по убијците се трага
Врие од полиција пред влезот за Старата скопска чаршија. Кај црквата „св. Спас“ се собрани и роднини и пријатели на убиените, но и на лицата вработени во угостителскиот објект каде се случи крвавото убиство. Екипа на „Макфакс“ од терен јавува дека самото присуство на голем број полициски службеници прави дополнителна тензија.
Единицата за брзо распоредување на МВР е со панцири, полициски штитови, пушки. Со оглед дека станува за настан кој водеќи се од првичните информации се класифицира како организирано двојно убиство, нивото на претпазливост е на највиско ниво.
Роднините и пријателите, пак, трагаат по дополнителни информаци, додека полицијата трага по дополнителни докази кои ќе ги откријат сторителите.
Официјалните информации од МВР потврдуваат дека еден од убиените е наркобос кој се поврзува со Грчец, Јетон Кривањева викан Жила. Другиот, неофицијално, е неговиот возач и телохранител. Од Обвинителството само дополнија дека се земаат траги од лице место.
„Макфакс“ објави неофицијални детали за тоа како се случувало планираното убиство. Вооружената група составена од околу пет лица, била облечена во униформи, кажала дека ќе се прави полициска рација и рекла никој да не мрда. Убиените седеле во одделна просторија, каде биле убиени.
Убијците од Чаршија избегале со „ауди“, кое е запалено на излезот кон скопската обиколница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

