Македонија
Екипи на „Комунална“ поделија цвеќиња на илјада жени за 8 Март
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената – 8 Март подарувајќи им по еден цвет на илјада жени од сите населби во градот Скопје.

Меѓународниот ден на жената го одбележа и в.д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Косана Николиќ-Мазнева, која имаше средба со трите припаднички на понежниот пол што се ангажирани во оперативата на претпријатието – Мирјана Трајковска, Мерсиде Етем и Славица Змејковска.
![]()
„Денешниот ден го поминав во друштво на единствените жени – вработени во ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, кои се задолжени за одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини во градот Скопје. Сметам дека токму храброста да ја изберат и достоинствено да ја извршуваат оваа професија ги прави посебни и дека заслужуваат огромна почит од страна на сите жители на нашиот град“, изјави в.д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Косана Николиќ-Мазнева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

