Европа
Резников до ЕУ: Поддржете го планот за купување милион артилериски гранати
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, апелира до своите колеги од ЕУ да го поддржат планот за купување милион артилериски гранати, што ќе ѝ помогне на Украина.
Зборувајќи со новинарите пред министерскиот состанок во Стокхолм, Резников рече дека на Украина итно ѝ требаат гранати за да се одбрани од руските сили и да почне контранапад, пренесе „Ројтерс“.
Тој изјави дека го поддржува предлогот на Естонија до земјите од ЕУ заеднички да се соберат пари за набавка на гранати од 155 милиметри за Украина оваа година, што ќе чини вкупно четири милијарди евра, пренесе „Б92“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Холандија и подари на Украина 24 авиони Ф-16: „Употребата не е ограничена“
Холандија дава 24 ловци Ф-16 на украинските воздухопловни сили што ќе може да ги користи и против цели во Русија.
„Ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не беа дискутирани“, рече холандската министерка за надворешни работи Ханке Бруинс СлотБруинс Слот, додавајќи дека употребата не е ограничена ни на границата во близина на Харков.
Министерката во заминување ги негира претходните извештаи дека САД треба да ја одобрат испораката на овие ловци.
Украина очекува да добие 30 белгиски Ф-16, но може да ги користи само против цели во Украина, бидејќи тоа се услови поставени од Белгија.
Европа
(Видео) Зеленски во Шведска: Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша билатерален безбедносен договор со Шведска, еден од трите планирани со нордиските земји, бидејќи бара дополнителна воена поддршка од Западот во војната против Русија.
Соопштението доаѓа додека западните земји дебатираат дали да и дозволат на Украина да користи западно оружје за да нападне воени цели во Русија, поддржувајќи офанзива врз североисточниот украински град Харков.
„Можете да видите дека Русија се обидува да ја прошири војната… Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва“, рече Зеленски на потпишувањето на договорот, 13-ти таков договор што Киев го потпиша со западна земја.
Зеленски рече дека ќе потпише билатерални договори и со Норвешка и Исланд.
Воздушната одбрана, производството на муниција и заедничкото производство на оружје се на врвот на агендата на петочниот самит меѓу Зеленски и премиерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд и претседателот на Финска.
Сите нордиски земји, кои цврсто ја поддржуваат Украина, се членки на НАТО.
„Постојано се повторува, вие буквално не се борите само за сопствената слобода, туку и за нашата слобода и нашата безбедност“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.
„Ова е причината зошто поддршката на Украина е толку фундаментална, егзистенцијална задача за Шведска и за сите други нордиски земји“, додаде тој.
Претходно овој месец, Шведска соопшти дека се согласила за дополнителна воена помош за Украина во вкупна вредност од 7 милијарди долари во текот на три години, додека во последните недели Норвешка преговараше за билатерален безбедносен договор со Киев.
Данска и Финска веќе потпишаа 10-годишни безбедносни договори со Украина во февруари и април, соодветно.
Европа
Едногодишно бебе паднало низ прозорец во Австрија: „Се обиде да се држи за саксија“
Едногодишно Ддтенце паднало од прозорец на станбена зграда во Отакринг, Австрија и се здобило со сериозни повреди на главата.
18-месечното бебе паднало од прозорец во четвртокот околу 20 часот додека родителите биле во другата соба, зафатени со другото бебе, јавуваат австриските медиуми.
„Се качи преку трпезариската маса на прозорецот од кујната и се лизна надолу“, раскажува сведок.
Како што објаснил, детето се обидело да се потпре на саксија што стоела на прозорецот.
Меѓутоа, бидејќи саксијата не била соодветно потпрена, се превртела и паднала, а момчето паднало по неа.
Малото момче се здобило со сериозни повреди на главата поради што е хоспитализирано и сместено на одделението за интензивна нега.
Според првичните информации, неговиот живот не е во животна опасност.
Австриската полиција ги приведе родителите поради сомнение дека од небрежност му нанеле телесни повреди на нивниот син.