Македонија
Свечена седница во Собранието по повод 8 Март

Одржана е свечена седница во Собранието по повод одбележување на 8 Март, како и одбележување 20 години од постоењето на клубот на пратенички. Настанот со воведно обраќање го отвори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. Воведно обраќање имаше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
„Се гордеам што сум дел од континуираните активности што се преземаат за унапредување на родовата еднаквост во изминатите две децении и постигнатите резултати од аспект на законодавството, политиките и стратешките документи, кои се поврзани токму во областите од родовите прашања“, рече Тренчевска.
Во своето обраќање министерката се осврна историски на законската регулатива почнувајќи од првиот Закон за еднаквите можности донесен 2006 година и надоврзувајќи се на Законот за буџетите од 2022 година, кој, според Тренчевска, гарантира дека родовата перспектива е дел од секој буџет и дека буџетите ќе ги отсликуваат приоритетите, потребите и интересите и на жените и на мажите.
Тренчевска се осврна и на стратегиите и акциските планови.
„Покрај законската рамка, изминатиот период континуирано се работи на креирање стратегии и акциски планови, кои директно се насочени кон унапредувањето на родовата еднаквост. Првата национална стратегијата за родова еднаквост донесена во 2013 претставува прв ваков стратешки документ во државата, во кој се дефинирани стратешки цели во 10 области за унапредување на родовата еднаквост“, истакна Министерката.
Таа посочи дека во 2022 година беше донесена и националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022 – 2026 и акциски план 2022- 2024 година, чии фокус е намалување на дискриминацијата по било кои основи во сите области на општественото живеење.
На свечената седница се обратија и пратеничките Гордана Силјановска-Давкова, Лолита Ристова, Рина Ајдри, Снежана Калевска-Ванчева, Благица Ласовска, Маја Морчанин, Илире Даути, Жаклина Пешевска и Моника Зајкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува, соошштија од Министерството за здравство.
Од таму велат дека ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација.
„Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет. Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти. Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово за целосно расчистување на случајот“, велат од таму.
Од Министерството повикуваат на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство.
„Министерството ќе ја следи состојбата на доктор Шаини и навремено ќе информира за сите значајни промени“, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски: Вооружениот инцидент во Куманово е најсериозен инцидент во пресрет на локалните избори

Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ. Од партијата бараат оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски. СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста. Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни“, велат од СДСМ.
СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат, како што велат, целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.
„Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури. Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка? Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има“, велат од СДСМ.