Црна хроника
Казни за 232 возачи во Скопје: 73 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (8.3.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велосипедист прегазен на Средно Водно
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Возило удри во мотоцикл: мотоциклистот и неговиот сопатник тешко повредени
Во ОВР Гостивар вчера во 14.50 часот било пријавено дека на улица „137 “ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од М.Н.С.(56) од Гостивар и мотоцикл „бенели“, управуван од Д.С.(37) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.С. и неговиот сопатник Б.Е.(38), констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Судир меѓу патничко возило и мотокултиватор во Куманово
Синоќа околу 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(63) и мотокултиватор управуван од Ф.С.(35), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С., констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.